Италијанецот Федерико Рочо си поставил цел да посети 500 стадиони ширум светот за неколку години. Видел многу традиции и култури, а според него најмногу се наежил на „Селтик Парк“ во Глазгов каде бил во 2013 година за време на мечот Селтик - Милан 0:3.
„Можам слободно да го наречам најдобар стадионот во Глазгов, особено атмосферата на него. Пропатував во 25 земји во светот, вклучувајќи ги Германија, Франција, Шпанија и Англија, но на „Селтик Парк“ првпат заплакав. И покрај тешкиот пораз, навивачите на Селтик продолжија да ја бодрат екипата а потоа не викнаа нас, гостите од Италија да пиеме со нив. Тоа беше фантастично искуство“, вели Рочо.
Во однос на другите стадиони кои ги видел, Рочо вели дека удобноста и комфорот на „Алијанц Арена“ во Минхен е нешто неверојатно. „Се чуствуваш како да седиш дома, толку е комотно“, вели Италијанецот.
Имал и неубави искуства. Во втората словенечка лига гледал меч на клубот Анкаран Хрватини чие стадионче било пред распаѓање и собирало само 200 души кои во секој момент можеле да паднат.
Во Турција кога влегувал на еден првенствен меч добил флаер „Не телевизија, не телефон, не Фејсбук!“.