Кога минатото коло играа против Валенсија, Јунајтед на „Олд Трафорд“ стигнал 50 минути пред стартот на мечот што се коси со правилата на УЕФА, екипата да биде на стадионот не помалку од два часа пред официјалниот почеток.
Натпреварот почна со 5-минутно задоцнување а за неорганизираноста Манчестер беше казнет со 15.000 евра од УЕФА.
Целиот проблем е поради гужвата околу стадионот. Јунајтед обично престојува во Lowry Hotel кој се наоѓа на 4 километри од Олд Трафорд, но често заглавува во сообраќајниот метеж.
После Валенсија Мурињо ја кривел полицијата дека не обезбедила возило кое ќе ја чисти гужвата, а надлежните органи одговорија дека никој никогаш не им се обратил со такво барање.
Пред натпреварот со Јувентус синоќа, Манчестер решил да ја прекине традицијата и се сместил во друг хотел - Hilton Garden Inn. Овој хотел се наоѓа уште поблизу до стадионот, на отприлика еден километар и пешки до Олд Трафорд се стигнува за 10 минути (така вика Google).
Фудбалерите и стручниот штаб на Јунајтед овојпат тргнале на време, но одново доцнеле затоа што автобусот западнал во голема сообраќајна гужва.
Мурињо не издржал и тргнал пешки до стадионот.
„Сменивме хотел. Буквално е зад аголот. Играчите седеа во автобус 45 минути. Јас излегов од автобусот и тргнав меѓу навивачите но никој не ме позна. Ми требаа две минути да стигнам а играчите 45 минути седеле во автобус.
И Јувентус го имал истиот проблем. Му кажав на делегатот на УЕФА за оваа ситуација, зошто доцневме, за да не не казнат повторно“, рекол Мурињо.
United bus late to the stadium. Jose walking to the ground from cricket ground. pic.twitter.com/ShoHNiKab0
— MUFC Away Days (@mufcaways_) October 23, 2018
И овој меч почна со задоцнување но овојпат од само две минути. Дали УЕФА одново ќе го казни Јунајтед не е познато.