Историски гледано, европските селекции не се снаоѓаат добро на Светските првенства што се одржуваат надвор од нивниот континент. Овој пат, не е баш така.
Белгискиот центарфор доби шанса да игра цел натпревар додека Лукаку одмораше на клупата. Во еден момент како да се потскара со стативата која знаеше да му врати
Со натпреварите од групата Г заврши првата фаза од Светското. Белгија славеше и ќе оди на Јапонија а потоа, ако победи, на победникот од мечот Мексико - Бразил. Англија против Колумбија која веројатно ќе биде без Хамес Родригез.
Стоперот на Барселона, Јери Мина ја однесе Колумбија во нокаут фазата и го исфрли Сенегал, а Полска непотребно ја победи Јапонија, само колку да им наштети на тие што ја бркаа на спортска, која ете не мораше да се мачи да брка ниту бод.
Ако некој не ги следел настапите на Нејмар во групната фаза, нема потреба да се поти да бара репризи или клипови по нетов. Тука е сè спакувано во едно.
Не знаеш дали повеќе да го мислиш додека го гледаш на стадион или кога е во двор со верната дружина. Со Нигерија докторите му рекле да си оди дома на полувреме и сега што мислите ќе ја издржи ли со Франција цела?
Голот на Маркос Рохо не предизвика земјотрес само во Буеноес Аирес и цела Аргентина, туку и во една друга земја која славеше исто или бетер од Аргентина. Што нема да види човек за време на едно Светско првенство.
Вечерва се игра големото дерби од првата фаза, Англија - Белгија кое ќе го одлучи победникот во групата Г. Попладнево Јапонија, Сенегал и Колумбија играат за пласман понатаму.
Ги гледаш последните 20 резултати на Швајцарија и се чудиш. Гледаш каде се наоѓаат на ранг листа и пак се чудиш, мислиш Шпанија е ова. Ние во една цела година имавме само еден пораз (од Шпанија), ама они во две.
Карлос Жуниор навива за Бразил со цело срце. Тој ги гледа натпреварите на „кариоките“ со помош на своите другари. На дуелот со Костарика еден од другарите го држи Жуниор за раце и на мини-теренче му ги покажува комбинациите на Бразил кога Кутињо даде гол а другиот му дава тапанче да прослави.
Ти си Мексиканец, директорот ти е Кореец и после тоа што им го направија Корејците на Германците на Светско, ич не ти чуе дали ќе касниш на работа или ќе се појавиш во одело или дрес. Ела директоре ваму. Ти си наша икона.
Лев веќе неколку години не ја освежи репрезентацијата. Германија освои злато на Европските првенства до 21 и до 17 години, но ниту еден член на тие талентирани генерации не доби шанса да ги смени индиспонираните Озил, Кедира, Милер и Марио Гомез.
Бранителот на титулата се падна во една од најлесните можни групи на ова Светско првенство со Мексико, Шведска и Јужна Кореја и успеа да ја победи само Шведска и тоа едвај со гол во 95-та минута. Сите нивните мајстории може да ги видите во видео од 11 секунди.
Победата на Јужна Кореја над Светскиот првак Германија ќе се памети како едно од најголемите изненадувања во историјата на Мундијалите. На тоа лудуваа од радост Мексиканците бидејќи ако тепаа Германците, ќе испаднеа. За прославата да биде уште полуда и незаборавна им падна Кореец в раце пред стадион.
Тоа дека Нејмар не може да биде најдобар играч во светот поради тоа што постојат Меси и Роналдо не е точно, бидејќи тој со ваков однос кон фудбалот нема да биде број 1 и кога овие двајцава ќе се пензионираат. Затоа се овие монтажи.
Бразил и Швајцарија се новите осминафиналисти на Мундијалот во Русија. Бразил не одигра ништо посебно против Србија, но не дозволи изненадување, а Коста Рика со смешен пенал во 93-та стигна до реми против Швајцарија. Нејмар глумеше како никој.
Во последното коло од групата Ф се случи најголемиот шок на Светското. Актуелниот светски шампион Германија изгуби од Кореја со голови примени во судиското продолжение а кога во Казан Мексиканците кои губеа од Шведска 0:3 ја слушнаа веста, паднаа во еуфорија.
27 јуни 2018 ќе се памети како ден во кој се случи едно од најголемите сензации на Светското првенство. Јужна Кореја ја нокаутираше Германија со 0:2 и ја исфрли од Мундијалот. Понатаму одат Шведска и Мексико кого Скандинавците го прегазија со 3:0.
Сампаоли е единствениот селектор на Светското кој се откажа од својата првобитна формација а и целосно изгуби контрола над репрезентацијата, па Аргентина може и без него на клупата.