„Ла Бомбонера“ (правото име е „Естадио Алберто Хакинто Армандо“) во екстаза. Аргентинското суперкласико го оправда епитетот најжестоко дерби на светот. Навивачите на Бока Јуниорс неколку часа пред мечот го наполнија стадионот и направија прекрасна сценографија со жолто-сини реквизити и пиротехника.
Натпреварот подобро го почна Ривер Плејт но Бока го отвори резултатот за лудница на „Ла Бомбонера“. Рамон Абила беше стрелец на првиот гол во историското прво меѓусебно финале на овие два клуба. Корпулентниот шпиц на Бока го совлада репрезентативниот голман Франко Армани кој бранеше на Светско 2018:
Не помина речиси ни минута кога Ривер Плејт изведе од центарот и експресно брзо возврати преку Лукас Прато кој и избега на противничката одбрана и израмни на 1-1:
Од тој момент се играше жестоко, борбено, со многу силни дуели, а нова ерупција на стадионот распали Дарио Бенедето, шпицот кој неколку минути претходно влезе од клупата и го замени повредениот Кристијан Павон:
И со тој резултат 2:1 се отиде на полувреме.
Ривер во вториот дел излезе спремен да нападне и во 60’ заслужено израмни. Нивниот најдобар играч Пити Мартинз центрираше од 40-ина метри, а Лукас Прато со глава донесе студен туш за повеќе од 50.000 гледачи на „Бомбонера“:
На 15-ина минути пред крајот во игра влезе и ветеранот Карлос Тевез кој брзо покажа зошто важи за еден од најдобрите аргентински напаѓачи во последнава деценија.
„Карлитос“ во самиот финиш од мечот, буквално во 90’ минута тргна во соло продор, издрибла еден противнички играч и „на тацна“ му намести неверојатен зицер на Бенедето кој неспретно шутираше директно во Армани и ја пропушти шансата да влезе во историјата со два гола во финале на Копа Либертадорес и тоа против Ривер:
Реваншот е на 24 ноември на „Монументал“ каде Ривер ќе има неверојатна поддршка од своите приврзаници.
🇦🇷🏆 Four goals, countless tears and one incredible atmosphere. The first leg of the Superclasico Copa Libertadores was something else, bring on Round 2! pic.twitter.com/IvAZsukHMy
— COPA90 (@COPA90) November 12, 2018
Бонус:
Реакција на навивачите на разни места ширум Аргентина: