Модрите синоќа во густата магла во Загреб славеа 3:1 против Спартак Трнава, триумф со кој стигнаа до 4 од 4 и максимални 12 бода. Втор во групата е Фенебахче со 7 бода, Трнава има 3, а Андерлехт 1.
Динамо Загреб за прв пат по половина век ќе презими во второто по ранг клупско европско натпреварување, а тоа беше повод за да одлепат во соблекувална. Капитенот Аријан Адеми со колегите љокаа пиво, јадеа пици и играа оро на српска музика.
Ечеа хитовите на Митар Мириќ и Синан Сакиќ
Еден од фудбалерите ги прашуваше своите соиграчи дали биле на терен со мајтап дека не можел да ги види од густата магла.
За историскиот успех се радуваа и поранешните играчи на Динамо Модриќ, Ловрен, Чорлука, Пјаца и Пивариќ.