Дани да Коста е десен бек на Ајнтрахт Франкфурт и најверојатно фудбалер со неостварена желба да биде новинар. На друг начин не знаеме да си го објасниме овој феномен, некој играч да сака сам да си поставува прашањата и сам да си ги одговара. 5-6 пати го изгледавме, се чудевме, се смеевме, а успеавме и да се снајдеме со превод од германски кој се надеваме дека ни е точен.