Offside

На 12.000 км оддалеченост од стадионот Олимпико во Рим, чукаат бело сини срца. Циркузи се со видеата.

Како голманот на Англија се спрема за пенал

Џордан Пикфорд беше едно од најголемите изненадувања на Светското во Русија. Овој млад голман на Евертон го зацементира местото на голот на Англија и тешко дека некој брзо ќе го смени. На пријателската против САД на која Вејн Руни се прости од репрезентацијата (120 настапи), Пикфорд пиеше вода од шише на кое си напишал (или му напишале) кој од Американците каде обично шутира пенал.

Бркаме две победи за да играме полуфинале на Филип Втори

Лихтенштајн и Гибралтар се последните две пречки во групната фаза од Лигата на нации во која полека привршува борбата за четирите лидерски позиции во групите од Лигата Д, која нас не засега. Ако Македонија сака историја, ќе мора квалитетот кој го поседува да го докаже на терен.

Тргнал Ирец да продава шалови

На преубавиот „Авива“ стадион во Даблин синоќа пријателска средба одиграа Ирска и Северна Ирска која заврши мирољубиво 0:0. Поинтересно од резултатот било меѓу реквизитите надвор.

Германскиот репрезентативец кој игра во втора лига

Иако игра во втората Бундеслига, без никаков проблем веќе неколку години, Јонас Хектор капитенот на Келн е прв избор за левата бековска позиција во репрезентацијата на Германија.

Животот на фудбалски клуб во најкриминалниот град во Мексико

Сиудад Хуарез е град познат и како Пасо дел Норте. Се ноаѓа на реката Рио Гранде во реонот Ел Пасо на самата граница меѓу Мексико и Америка а во тој дел од светот е познат и како престолнина на нарко-картели, криумчари, шверцери, убијви, дилери... Едно локално фудбаско клупче се обидува да ја смени оваа лоша репутација на Хуарез.

Ловрен им се истури на Шпанците од соблекувална

Со голот на Тин Једвај во 93-та минута, Хрватска ја урна Шпанија со резултат 3:2 и скроз им ги расипа сметките во Лига на Нации, бидејќи кој ќе победи во последното коло на мечот Хрватска - Англија завршува прв во група. Дејан Ловрен по мечот се јави од соблекувална и во моменти на еуфорија прво му се обрати на Рамос со кој се препукуваат преку медиуми, а во еден момент упати и сочна пцовка, ама тивка која сепак се слушна.

Роберт ти ли ова бе мајсторе?

Полска синоќа загуби од Чешка на гости, што и не е така страшно бидејќи беше пријателска, ама расен стрелец како Левандовски вака да се обрука пред гол, некако не ни е верно.

Џонсон Мети одличен финиш до победа над ЈСП

Во последниот ден од 8. коло во Бизнис лигата на Македонија победи славеа екипите на L.C. Waikiki, Џонсон Мети и МЕПСО.

Сузана ќе ја средува Премиер лигата

Наместо долгогодишниот шеф на англиската Премиер лига доаѓа жена која повеќе од 20 години е во телевизиската индустрија и во која „се крстат“ оние коишто ја предложија за шеф на најгледаното првенство на светот. Ја чека многу работа и многу отворени прашања.

Аплаузи за ова голчиште на Трајковски

Македонската фудбалска репрезентација утре вечер со почеток од 20:45 ќе брка победа на гостувањето против Лихтенштајн. На еден од тренинзите пред мечот во Вадуц, видовме дека Барди не е единствениот кој знае да нишани во агол од слободен удар. Конкуренцијата доаѓа од напаѓачот на Палермо. Сакаме и на натпревар вака.

Кога на Суарез му отекол зглобот, ги облекол поголемите копачки на Џерард и дал гол

„Уругвајските корени ме научија никогаш да не се предавам, а холандската школа ме научи да размислувам“, вели Уругваецот кој сите соиграчи каде што играл го паметат по страшната спремност да „изгине“ на терен со што ги заразувал и другите да бидат борбени како војници.

Дечково заслужува целосен респект

И девојката е одлична, особено ни се бендиса потегот со рамо, онака ладнокрвен, ама на видеово таа не е толку битна, туку момаков. Се гледа дека гори од желба да докаже и му успева да докаже дека сите сме исти, без разлика што тоа не изгледа така. Браво за упорноста. Секоја чест. Не го може ова секој.

Најсилното сплотување на навивачките групи во Полска

Полските стадиони се многу добро познати по страшно јаките бакљади, но и насилствата, особено онаму каде што има големо ривалство од типот на на дербито Легија Варшава - Лех Познањ. Но колку и да голема омразата меѓу нив, кога се работи за државата тие се разумни и неприкосновени.

Крокодили, спуштени шорцеви, возови - кои се најнеобичните слободни удари?

Во последните неколку месеци видовме неколку ситуации во кои и оние кои го изведуваат слободниот удар и оние кои го бранат, смислуваат разни начини за постигнување на целта, а сè во склад со правилата.

Доказ дека само Фелаини личеше на човек со таа грмушка

Маруан Фелаини синоќа отиде да бербер, објави слика и го сруши интернетот. За својот 31 роденден реши целосно да го промени имиџот и да се ослободи од тоа жбунот кој му тежеше на глава. Било кој друг фудбалер да се реши за истиот фриз би било ужас. Доволно е да ги видите само Ибра и Роналдо. Како дадилки од цртан филм се.

Со какви навивачи си имаат работа Иле и Алекс во Палермо

Ма најдобри се, ова во наслов го кажуваме во позитивна конотација. Во Италија страста за фудбал е голема, ама во јужна Италија е огромна. На стариов во недела не му е битно што ќе јаде или дали задоцнила пензијава, туку најважно е му е да победи Палермо. Го среќава Пољакот Радослав Муравски, не ни знае за кого се работи и го прашува како се вика и потоа му урла на уво Фооооооооооорца Палермооооооооо.

Во Иран пронајдено детето кое го имитира Дибала, Пауло ќе го запознае наскоро

Откако на социјалните мрежи веќе неколку недели се објавуваа видеа од едно помало дете кое шутира слично како Дибала и ја имитира неговата фамозна прослава со маска преку лицето, Аргентинецот упатил апел да го најдат малиот за да го запознае лично.

Како изгледа еден работен ден на Роналдо

За да бидеш јак како Кристијано Роналдо, треба да си к`не за работа како него, да си дисциплиниран како него и да имаш такви предиспозиции. Човекот ништо не остава на случајноста, впрочем и како ќе направи такви коцки на стомак.

Од Милан за Шевченко

Неговата игра не можеше да се опише со зборови, неговиот стил беше неповторлив а „Златната топка“ освоена во 2004-та стана признание за неговата уникатност.

Јохан Кројф за тоа колку мора да се знае странски јазик

Еден од најголемите фудбалери и фудбалски тренери на сите времиња, Холанѓанецот Јохан Кројф во една прилика изјавил дека секој играч мора да знае да зборува макар два странски јазици.

Телеком немаше доволно сили за пресврт во дуелот со Макпетрол

Во третиот ден од 8. коло во Бизнис лигата на Македонија победи славеа екипите на Матрикс, Макпетрол и Алкалоид.

Милина од акција на шпанските млади фудбалери

На пријателска средба Шпанија У21 со 4-1 ја совлада Данска. Шпицот Борха Мајорал кој од Реал Мадрид е позајмен во Леванте, постигна три гола од кој едниот беше по маестрална акција.

Историскиот старт на Солари со кој ја заслужи довербата кај Перез

По очајниот старт на Лопетеги со кој Реал Мадрид немаше ниту саглам игра, ниту резултати, местото му зема човек со исто тренерско искуство какво што имаше Зидан. Но тоа не влијаеше да стартува како што не успеал ниту еден друг тренер на Реал Мадрид.