Бркаме две победи за да играме полуфинале на Филип Втори

Лихтенштајн и Гибралтар се последните две пречки во групната фаза од Лигата на нации во која полека привршува борбата за четирите лидерски позиции во групите од Лигата Д, која нас не засега. Ако Македонија сака историја, ќе мора квалитетот кој го поседува да го докаже на терен.

Во пресрет на двата последни меча од фазата по групи во Лига на Нации, нема многу простор за математики или било какви калкулации. Едноставно и фудбалерите и ние како јавност сакаме Македонија да се пласира во плејофот за ЕП 2020 и полуфиналната битка да ја бие пред своите навивачи.

За да се оствари тоа, избраниците на Игор Ангеловски мора да освојат 6 бода, а тоа значи и дефинитивно дека ќе имаме привилегија полуфиналето да го играме како домаќини.

Правилата на УЕФА се јасни и едноставни. Во плејоф влегуваат првопласираните селекции од четирите групи по што ќе нема ждрепка, туку во полуфинале ќе вкрстат првиот против четвртиот, вториот против третиот според број на бодови.

Во моментов од Групата 1 Грузија е сигурен патник со 13 бодови, во Група 2 Белорусија има 11, во Група 3 прв е Косово со 8, а во група 4 Македонија е лидер со 9.

Распоредот до крај изгледа вака:

ГРУПА 1
Грузија – Казахстан (19 ноември)

ГРУПА 2
Молдавија – Луксембург (18 ноември)
Сан Марино – Белорусија (18 ноември)

ГРУПА 3
Азербејџан – Фарски Острови (17 ноември)
Малта - Косово (17 ноември)

Косово – Азербејџан (20 ноември)
Малта – Фарски Острови (20 ноември)

ГРУПА 4
Гибралтар – Ерменија (16 ноември)
Лихтенштајн – Македонија (16 ноември)

Македонија – Гибралтар (19 ноември)
Лихтенштајн – Ерменија (19 ноември)

Со оглед на тоа што Грузија е апсолутен фаворит против Казахстан, а Белорусија против Сан Марино, а ова им се последни мечеви, тоа значи дека очекуваме првиве да завршат со 16, а вториве со 14 бодови.

Македонија со две победи до крај би имала 15, а тоа значи дека би била втора најдобра селекција и во таков случај на Филип Втори во полуфинале ќе се сретне со Белорусија.

Шансите за Косово да ни биде противник се многу мали, бидејќи треба да освојат 6 бода, но и тоа не им е доволно. Прво имаат тежок дуел со Азербејџан кој исто е во игра за полуфинале и второ и во случај на две победи треба да бркаат гол разлика, затоа што се послаби од Белорусија.

Во вакво сценарио полуфиналињата (5-6 јуни 2019) би биле Грузија против Косово/Азербејџан и Македонија против Белорузија. Финалето (9 јуни 2019) ќе се игра на неутрален терен.

Напред момци, сè е во ваши раце.

16 ноември 2018 - 12:58