На едно од видеата малиот изведува слободен удар со лева (исто како Дибала) и прославува погодок со "Dybala mask". Апелот на Дибала да се пронајде малиот го пренела една иранска телевизија која брзо успеала да открие од каде точно е детето.
Се вика Амир, има 10 години и живее со семејството во градчето Дехдешт во Иран. Играл фудбал за локалниот тим. Многу интересно во целата приказна е што малиот ги прави речиси истите движења како Дибала и многу веројатно затоа му западнал во око:
Амир очигледно го гледа италијанското фудбалско првенство и Лигата на шампионите па оттаму му се родила љубовта кон фудбалерот на Јувентус. Сега желбата да го запознае идолот ќе му се оствари набрзо, на некој од следните натпревари на Јувентус.