Клупскиот канал на Милан собра неколку врвни моменти од кариерата на Шевченко во црвено-црниот дрес:
Актуелниот украински селектор остана една од најголемите икони меѓу навивачите на Милан и воопшто навивачите ширум светот. Еден негов цитат точно го опишува него:
„Јас не се сметам за ѕвезда, не мислам дека сум таков. Да, познат човек сум, јавна личност и тоа ми се допаѓа, но со луѓето лесно комуницирам, го чуствувам нивното расположение и затоа немам никакви проблеми.“
А за тоа колку голем беше неговиот Милан вели:
„За тоа како ни беше зборуваат односите кои ги изградивме. Со многу ѕвезди од Милан, поранешни и сегашни, до ден денес останавме добри пријатели, често се слушаме. Јас одлично се вклопив во колективот.“
За Милан играше од 1999 до 2006 година и потоа втор пат во сезоната 2008-2009. Во црвено-црниот дрес даде 127 голови (сите во првиот престој) и освои: Серија А, Куп на Италија, Суперкуп на Италија, Лига на шампиони и УЕФА Суперкуп.
Приказната за фудбалскиот пат на Андреј Шевченко тука.