Џонсон Мети одличен финиш до победа над ЈСП

Во последниот ден од 8. коло во Бизнис лигата на Македонија победи славеа екипите на L.C. Waikiki, Џонсон Мети и МЕПСО.

Искуството на МЕПСО пресудно во дуелот со Уни Банка

Уни Банка 2-5(1-2) МЕПСО

Уни Банка: Ангел Петков 7' Александар Кузинаков 24'

МЕПСО: Ѓоко Јанакиевски 11' Борис Трајковски 6' 37' Тони Честојнов 32' Диме Рошковски 40'

Првото полувреме во дуелот помеѓу екипите на Уни Банка и МЕПСО помина во висок ритам на игра и тактичко надмудрување помеѓу двете екипи. Прва во водство дојде екипата на МЕПСО во 6та минута, екипата на Уни Банка веќе во следната минута преку Петков дојде до израмнување од 1-1. Екипата на МЕПСО до крајот на полувремето имаше повеќе од играта, створија повеќе шанси за погодок што резултираше со повторно водство и предност од 1-2 на полувремето. На стартот на второто полувреме екипата на Уни Банка успеа да постигне погодок и да дојде до израмнување на резултатот на 2-2. По ова израмнување екипата на МЕПСО се префрли на противничката половина и со силен притисок кон голот на Уни Банка успеа повторно да ја врати резултатската предност која до крајот на натпреварот умешно ја сочува за победа од 2-5.

Џонсон Мети одличен финиш до победа над ЈСП

ЈСП2-4(1-2) Џонсон Мети

Џонсон Мети: Бојан Дејановски 2' 35' 38' Благоја Божиновски 3'

ЈСП: Сашо Георгиев 24' Гоце Ристевски 8'

Прво полувреме во жесток ритам на игра одиграа екипите на Џонсон Мети и ЈСП, на самиот старт од натпреварот екипата на Џонсон Мети успеа да постигне два погодоци за водство од 2-0. Екипата на ЈСП по негативата на стартото од полувремето се префрли на противничко поле вршејќи силен притисок за да дојде до резултатски приклучок што им успеа во 8та минута од натпреварот. До крајот на полувремето екипата на Џонсон Мети одолеваше на притисокот на ЈСП и успеа да го сочуваводството од стартот на полувремето па паузата замина со предност од 2-1.Во второто полувреме двете екипи продолжија со истиот стил на игра, пожртвувано за секоја топка по целиот терен, двете екипи повеќе внимаваа на својот гол и играчите се обидуваа со удари од далечина да направат нешто повеќе. Како се ближеше крајот и сите очекуваа поделба на бодовите екипата на Џонсон Мети за две минути успеа да постигне два гола да направи резултатска предност за победа на овој дуел од 2-4.

Во неизвесен натпревар L.C. Waikiki го совлада ЕЛЕМ

ЕЛЕМ 6-7(3-4)L.C. Waikiki

ЕЛЕМ: Златко Станковски 4' 20' 21' Петар Василевски 8' 37' Ивица Апостоловски 33'

L.C.Waikiki:Џенгис Аџмед 29' Едит Салковиќ 3' Енес Ариф 14' 15' 38' Шефкет 14' Стефан Стефановски 36'

Екипата на L.C.Waikiki одлично го започна дуелот со екипата на ЕЛЕМ со рано водство во третата минута, но екипата на ЕЛЕМ спреми брз одговор и веќе во наредната минута израмни на 1-1. Овие два рано постигнати погодоци навестија ефикасно полувреме во кое и двете екипи наизменично се менуваа во водството. Во таквата отворена игра со многу шанси на двете страни поумешна беше екипата на L.C.Waikiki, па ова полувреме го доби во своја корист со резултат од 3-4. На стартот од второто полувреме екипата на ЕЛЕМ преку денес расположениот Станковски успеа да го израмни резултатот на 4-4. Остатоткот од полувремето помина во динамично темпо на игра со многу шанси за гол на двете страни, во таквата отворена игра завршницата од мечот и припадна на екипата на L.C.Waikiki која го доби овој натпревар со 6-7.

16 ноември 2018 - 08:53