Кристијано Роналдо функционира со точни саатници во оброците, часовите за спиење и времето за релаксација.
Целиот ден му е добро организиран и како што за него головите се најнормална работа, така и навиките му се една дневна рутина.
Се буди во 8 часот во куќата, односно замокот од 600 метри квадратни. Прво појадува, обично салата, па оди на тренинг.
Во 9:30 часот, а понекогаш и порано заминува во базата на Јувентус, тренира и руча заедно со колегите. Оброкот во Јувентус за сите играчи мора да биде полн со шеќери кои даваат енергија.
Кога се враќа дома одвојува време за релаксација кое не му е точно определено, но му е задолжително.
Потоа следува втор тренинг, но тој му е таканаречен приватен тренинг. Се работи за програма која ја практикува со години.
Таа вклучува кревање тегови, пилатес, како и кардио вежби и обично ја практува околу 16:30 часот.
Во времето за релаксација неизбежен дел му е базенот, потоа прошетките со семејството во Торино, како и одењето на вечера фиксирана во 20:30 часот. Често излегува на вечера со Бернандески.
Португалскиот ас обично си легнува меѓу 22:30 и 23:00 часот, а сака да ги мота со даљинското и италијанските канали.
Роналдо важи и за голем љубител на виното, па така кога пред неколку дена бил во Лондон за да гледа тенис, купил две флаши вино кои заедно чинат 31.000 евра и кои ги нема во понуда за секого.
Тоа е од прилика секојдневието на петкратниот освојувач на ЛШ кое го пренесува Газета дело Спорт. Се разбира не ни очекувавме да биде поинаку. За Кристијано Роналдо познато е дека главни адути му се дисциплината и напорната работа со кои стигна до врвот.