Offside

Норвешка не жали за елиминацијата во четвртфинале од Англија во 93-та минута. Напротив, слави на големо. Никогаш во историјата не завршила во топ 8 во свет.

Бугарска работа

Му фали уште капче од Јуве, привезок од Манчестер и штуцни од Лацио. Инаку фотката стварно е од Бугарија.

Славните италијански фудбалери кои служеле војска

Општо познато е Италија ја совлада Франција во финалето на СП 2006, а Зидан имаше неславно заминување од Мундијалот откако му удри глава на Матераци. Но дали знаете дека Виали го има освоено Военото Светско првенство, а Дел Пјеро и Канаваро имале неславен меч со црвени картони?

Газди на гостински терен во ЛШ

Ако некои навивачи имаат изгорено најмногу бакљи на стадион, тоа сигурно се ултрасите на Легија Варшава. Овде ако нема кајрон, некој ќе помисли дека се дома, а не во Словачка на стадионот на Спартак Трнава. Шоуто им се погоди, ама резултатот не. Во лпејоф за ЛШ одат Словаците со вкупен резултат од 2:1.

На 10 години го строи тимот

Васко де Гама игра финале против Фламенго. Малиов им е капитен на првиве, има 10 години, не разбираме што им зборува, ама јасно е кој е тука главен во екипа и што сака да им каже. Играјте со муда за дресов.

Датумите кои ќе ве интересираат овој месец

Ако заклучиме дека пред едно 15 дена заврши Светското, а за помалку од 15 дена стартува новата сезона во дел од првенствата кои ги следите, тогаш и не е дека во лето е тапа со фудбал.

Линиски судија кој не ја ферма линијата

Не му треба него помош од главен или четврти судија, ниту пак од ВАР, ќе си види сам дали е офсајд или не, голем е, само изгледа не добацува до таму. Во бразилската втора лига линиските судии имаат поголема слобода на движење.

Вака ли се дебитира за Реал бе мали?

Винисиус Жуниор го одигра својот прв меч за Реал Мадрид на Интернационалниот Куп против Манчестер Јунајтед кој заврши 2:1 за англискиот тим. Големата бразилска надеж за која Кралевите извадија 45 милиони евра изгледа многу го гледал Нејмар. На 18 години од тебе се бара да се докажуваш, а не да паѓаш ко покосен, па дури и ако те допреле во дуелов.

Меси или Марадона? Шукер или Шурјак?

Нашиот легендарен Таско (Атанас Костовски) ако памтите во преносите на Хрватска на Светското 1998 го мешаше Давор Шукер со Ивица Шурјак, репрезентативец на Југославија (1973–1982). Сличен превид му се случи и на еден полски коментатор на Мундијалот во Русија со Меси и Марадона.

Во Германија не се потребни брендови и хаштагови за верните навивачи и во четврта лига

Ако некој мисли дека во Германија е намален апетитот за фудбал поради слабиот настап на Мундијалот, тотално се лаже. Кајзерслаутерн сезонава е третолигаш за прв пат во историјата со 40.000 навивачи кои одат на стадион.

Сличностите меѓу неприкосновените Барселона и Реал Мадрид во ЛШ

Од 2006-та година до денес, пехарот од Лига на шампиони дури осум пати патуваше во Шпанија, само кај две екипи, се знае кои. Реал и Барса одбележаа една голема победничка ера и тоа копирајќи се едни со други.

Магичниот хет-трик на Ривалдо

Барселона против Валенсија на крајот од сезоната 2000/2001 имаше клучна пресметка вредна Лига на шампиони. Ја реши маестралниот Ривалдо на волшебен начин со три Г О Л Ч И Ш Т А. По таа неверојатна левица после првиот и вториот мајсторски гол, следуваше нешто што ретко се гледа. Не дека само тој има дадено гол со ножички, ама овие се некако посебни.

За вакво промашување од плата се крати

Ви ја претставуваме првата лига во Алжир, во сличен стил со онаа вчерашната акција во Полска. На фудбалерот до толку му беше непријатно, што фати да и се извинува на публиката.

Офсајд лик: Андерсон

Има многу играчи кои се презиваат Андерсон, ама он е познат по онаа најскратена бразилска форма само како Андерсон. Поделени се мислењата за квалитетите на овој играч, ама сепак ваквиот пад во кариерата го носи во нашата омилена рубрика.

Може ќе ми ја земеш на куково лето

Де бе куче нели сконта дека на иста финта те лета цело време. Зар на Меси не можеш да му ја земеш? Гледаш колку е слаб, не знае да дрибла па со рака ја фаќа.

Монтажа на денот

Со оваа фотографија (веројатно) го завршуваме пост мундијалското реметење на човекот кој се посрамоти во Русија за сите пари.

Не можеше да ја даде, сам беше

Сите имаме по некој во маало што има промашено од ваква слична ситуација нели? Моментот е уствари што се плаши од тоа дека ќе ја даде.

Ефектот на Кристијано Роналдо во Парма

Додека Италијанците одбројуваат до стартот на Серија А или поточно до дебито на Роналдо, некои навивачи работат на случајот и како да профитираат од првата појава на мегаѕвездата во нивниот град. Претерале малку.

Ова мора да е бразилска сорта на куче

Запознајте го Дриблињо, кучето кое извади од колосек не едно, туку две деца. Дрибла подобро од Нејмар на Светското. Ама сериозно.

Како бе успеа така да ја примиш?

За ваква балон топка од 50 метри да ја примиш во трчање, па уште и на мангупски начин треба да си...не знаеме што. Ете во случајов тоа е извесен Нико Лопез од Интернаcионал. Страшен осет. Браво.

Златната 109-та минута на Португалија

Пред две години, селекцијата на Португалија стана европски првак со голот на Едер во 109-та минута. Синоќа Португалија У-19 стана европски првак со голот на Педро Кореира во 109-та минута. Како само успеаа да се поклопат.

Акцијава е супер за никаде

Што да се каже за овие. Едниот штопер ја гледа топката, другиот се пишмани што се обиде да ја врати на голманот, а за понатаму сами ќе си видите. Антифудбалски потези во Полска. Ужас.

Златан, Златан, Златан

Веројатно прашањето број 1 кое треба да го избегнуваат новинарите кога го интервјуираат Златан Ибрахимовиќ е „Кога мислиш да се пензионираш?“. 36 години за голман е нормална возраст, а меѓу напаѓачите е нормална само ако си Ибра. 

Викнете брза помош, го искрши човекот со дриблинг

Сте виделе ли вие како се игра пајдушко со топка, а истовремено во орото да има и жртва? Па овој после ова никогаш повеќе нема да помисли да му припари, а ништо чудно во голмани да отиде.

Штосен начин на прославување 100-ти гол

Бредли Рајт Филипс едвај чекаше да го постигне својот јубилеен 100-ти гол за Њујорк Ред Булс во МЛС лигата за да ја покаже фората што ја смислил.