Offside

Норвешка не жали за елиминацијата во четвртфинале од Англија во 93-та минута. Напротив, слави на големо. Никогаш во историјата не завршила во топ 8 во свет.

Па како да не го сакаш Клоп

Еден ден кога Јирген Клоп ќе треба да го напушти Ливерпул, со плачки ќе биде разделбата. Им влегува на навивачите во паб со тоа осмехот како Џулија Робертс, овие му пејат, а овој одма им се придружува. Па кај го има ова бе.

Како Интер му го честиташе роденденот на Пандев

„Порасна со нас и победуваше со нас, среќен роденден Горан“, напиша Интер на својот Фејсбук профил и го постираше голот на Пандев со кој го тресна Баерн среде Алијанц Арена и го исфрли од осминафинале во ЛШ и тоа во 88-ма минута за пресврт од 2:3. Убаво од нивна страна.

Дилема на денот пред кладилница

Евидентно и сигурно е дека омилена игра на овој му е гол - гол.

Како Родман му ги кинеше нервите на Бриковски

Кој го следел златното време на НБА знае за што зборуваме. Чикаго Булс и Сиетл Суперсоникс се сретнаа во финалето во 1996-та, кое Булси го добија со 4:2. Џордан си беше Џордан, а Родман сосема поинаков профил на играч кој ги ловеше топките под кош. Вториот белег по кој беше познат е брливоста која му пројде во најелитната кошаркарска лига во светот.

Детето кое од бегалски камп успеа да стигне до Баерн Минхен

Горда сум на него, бидејќи дојдовме од место каде немавме храна и облека, вели мајката на големиот талент кој не само што е успешно интегриран во Канада, туку е хит меѓу тинејџерите. Дрибла цели одбрани и реди рекорди. Допрва ќе се слуша за малиот.

Почна да работи левицата на Пандев

Во очи на својот роденден Горан Пандев го сефтоса својот прв гол во претсезонските натпревари, и тоа во неговиот препознатлив стил кога ќе добие топка во шеснаесетник свртен со грб према голот.

Последниот гол на нашиот другар

Малку чудна и несекојдневна сцена од Јужна Америка, а сè во знакот на големата почит кон нивниот соиграч. Дечките не можат да се помират што ги напушта толку рано, па одлучија да направат барем уште акција со него. Тажно во секој случај.

Времето во кое висината на трансферите имаше некаква логика

Реал за Бејл и Ронало плати по 100 милиони евра, Манчестер за Погба 105, Барселона за Дембеле 105, Јувентус за Роналдо 117, Барселона за Кутињо 140, ПСЖ за позајмица на Мбапе 180, а за Нејмар 222 милиони. Пред 20 години не беше вака забегано.

Парагвај нема видено до сега ваква волеј бомба

Треба да ти легне, ама треба и да те бива вака силно и прецизно да ја збибериш во агол од таа далечина. Величе на пример не можеше да ја добаци од таму, а Марио Рикардо душмански ја опали преку голман.

Џеко или Коларов го подучиле?

Раџа Наинголан неодамна се пофали дека дебитирал со новиот клуб, а еден од неговите довчерашни колеги од Рома му посака среќа на ваков начин:

Сите глупоштини на Марадона на СП 2018

Она што не го направивме по Светското, а требаше да го направиме е да го избереме Офсајд ликот. Тука нема конкуренција. Човекот кој се избламира како никој во Русија беше Диего Армандо Марадона. Ова е топ 10 листата на неговите активности.

Клоп му упадна на Гвардиола на прес

Фудбалот има забавна страна само затоа што дел од него е Јирген Клоп. Тој не мора да направи ништо посебно за да внесе хумор, едноставна таква појава е човекот. На пријателската во САД, Ливерпул го совлада Сити со 2:1, а прес конференцијата на Пеп практично му ја заврши Клоп.

Перуански ВАР на денот

Вие ќе ми кажувате мене дали било гол или не. Дечко, сликна ли ти нешто? Сликнав дојди да видиш. Аха, епа ете се гледа дека е гол, ајде топката на центар. Каков ВАР, подобро е со ФАР.

Највредниот автогол во третата шпанска лига

Рајо Махадаонда е мал клуб во Шпанија кој игра на стадион со 3.000 седишта. Од трета лига погоре немаат мрднато во живот. И што се случува. Играат реванш плејоф меч со Картахена кој за пласман во втора лига треба да го победат 1:0. Судијата покажува продолжение од 7 минути, а гостите на 0:0 си даваат автогол во последната минута. Полудува сè живо на терен од играчи, навивачи до коментатори. Не им се верува дека е вистина.

Полека бе ќе се самоубиеше со топка

Бразилскиот фудбалер Леандро Силва направи потег кој тешко се прави, а не може ниту да се објасни како е можно да се направи. Кога ќе го видите ова, нема повеќе да му се смеете на Миши Батшуаи.

Што прием ќе беше ова?

Секоја чест за Марсело и неговите чудесии со топка, ама му најдовме доста сериозна конкуренција и тоа од Полска. Па не е нормален како ја смири од толку далеку.

Една е мајка, таа ме научи да играм и фудбал, а јас стасав до Челси

Маурицио Сари на Стемфорд Бриџ сезонава ќе го има својот главен играч од Наполи. Не е тоа Хамшик, Мертенс или Инсиње, туку Жоргињо. Важи за владетел со топката кој не греши додавање, а занаетот го научил од мајка му која се окозила од работа за да му ги купи првите копачки и топка.

Величествен пречек на Златко Далиќ во родниот крај на БиХ

Десет дена по финалето на Светското првенство, за Хрватска повторно се слави. Односно славјето никогаш не ни престана, а овој пат фештата продолжи во Ливно, БиХ каде што е роден селекторот на Хрватска кој стигна до историското сребро во Русија. Преку 50.000 го пречекаа.

Марадона даваше интервју тиква направен

Јазиков што го зборува Марадона ние не го разбираме, ама и да го разбиравме немаше да го разбереме што зборува, бидејќи во 2 минути не може пет саглам реченици да врзе. Добро бе знае ли кај тера човеков? Од Гаскоњ да не бара совети за животот?

Петарда на Динамо Загреб, два гола на Адеми

На македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми одлично му тргна во квалификациите за ЛШ. Фудбалерите на Динамо Загреб го потопија Хапоел Бер Шева со 5:0, а Адеми ги постигна третиот и четвртиот гол за својот тим. Хрватите се со една нога во трето коло.

Офсајд ликови на денот: Навивачите на Рома

Клубот официјално го соопштува новото засилување кое според висината на трансферот од 36 милиони треба да е топ крило, ти палиш кола или фаќаш воз за аеродром и дремеш до полноќ за да го пречекаш. И кога авион слетува, ама без засилувањето. Тоа е. Им влегоа појаки во игра.

Најдобрите стрелци во Серија А, сезона 1997/1998

Каква само конкуренција на голгетери беше тоа кога еден Баџо, Роналдо и Батистута не можеа да фатат прво место на листата на стрелци. Сè име до име, а на крај победник кој веројатно ќе ве изненади, ама тоа е кога беше неприкосновен со глава. Рекордот на најмногу постигнати голови во една сезона во италијанско го држи Гонзало Игуаин, кој збрца 36 комада за Наполи во сезоната 2015/2016. Нов предизвик за Кристијано Роналдо.

Тажната судбина на Бари и нивниот стадион кој остана без вода поради неплатени сметки

Додека Јувентус успеа да издвои 30 милиони годишно или 600.000 неделно за Кристијано Роналдо, на стадионот на Бари кој во плеј-оф меч за прва лига собра 50.000 публика, му ја исклучија водата поради долг од 6.000 евра. Истиот стадион на кој Дарко Панчев го шутираше најважниот пенал во кариерата.

Е така е на одмор со Бобо Виери

Еден од најславните ергени меѓу пензионираните фудбалери живот живее. Тој уствари нон стоп е на одмор од 2009-та откако се повлече, а главно хоби му е менување жени. Поранешниот италијански напаѓач со друштво во вода, а меѓу нив и Алваро Рекоба. Мислиш на екскурзија се во средно.