Најголемиот татин син кој со врски заигра во Лига на шампиони

Навивачите на Локомотив Москва веќе му посветија еден ироничен standing ovation во моментот кога дебитираше во Лигата на шампионите против Галатасарај. За се бил заслужен татко му кој е гигант во Русија и близок пријател на Путин.

Борис Ротенберг зборува пет јазици, дипломиран економист е, и во „слободно време“ игра фудбал за гигантот Локомотив Москва.

Чекај, зошто наводници? Затоа што е едноставно: зборуваме за најпрепорачаниот фудбалер во историјата на фудбалот. Барем така велат Русите кои го следат тамошниот фудбал а така вели и кариерата на Борис Ротенберг.

Доволно е само да се погледне неговото „дрво на животот“ па да се сфати мотивот: татко му е сопственик на голема банка, пријател од детството на Владимир Путин, чичко му го градел неверојатниот мост на Крим кој ја спои Русија со полуостровот, брат му е потпретседател на елитната Газпромбанк. А да, и братучед му игра во хокеарската репрезентација ан Русија а неговото семејство „тежи“ неколку милијарди долари.

Чисто да имате увид во пошироката слика.

Борис Ротенберг е фудбалер на Локомотив Москва кој дебитираше во Лигата на шампионите на мечот против Галатасарај во последното коло од групна фаза, кога добил една минута на крајот.

Реакцијата на навивачите на Локо била за Оскар: стоечки овации, иронично урлање и аплаузи кога Борис влегол на теренот.

Борис Ротенберг е соиграч каков што секој од нас имал во некој период од животот: тој е оној кој се (о)зборува кога не е присутен: „Игра ради татко му, затоа игра“.

А ТАТКО МУ?

Борис Ротенберг сениор

Татко му се вика исто како него - Борис Ротенберг со додаток сениор. Тој е роден во Санкт Петербург и е еден од најбогатите луѓе во цела Русија (во 2010 бил меѓу првите 100 на светот во изборот на Forbes).

Борис Ротенберг-сениор е косопственик на СМП Банка, 26-та банка на листата најголеми во Русија (основана од него и од брат му Аркадиј).

Борис сениор е пријател од детството со претседателот Путин, двајцата оделе на ист курс по џудо во Санкт Петербург кога градот уште се викал Ленинград (Борис денес е дури и потпретседател на џудо федерацијата на Русија).

Во 2014-та со брат му Аркадиј бил предмет на санкции од САД кои им ставиле забрана за влез. Но не само тоа: во 2013-та Борис сениор купил мнозинство акции во Динамо Москва и од тогаш син му за Динамо играл малку повеќе од вообичаеното од што се иритирале соиграчите.

Посебно еден познат репрезентативец, Игор Денисов, кој денес му е соиграч на Борис Ротенберг јуниор и во Локомотив Москва.

За иронијата да биде поголема, Денисов заминал од кај тренерот Станислав Черчесов (денес селектор на Русија) револтиран дека Ротенберг играл затоа што е со врски и е препорачан.

Денисов јавно го нарекол Черчесов кловн, а за малку и не се степале на еден тренинг. Денисов тогаш бил избркан од тимот и од репрезентацијата на Русија каде Черчесов стана селектор и никогаш не го повика (ниту на Светското).

А Ротенберг? Во сезоната 2014/2015 имал 12 настапи за првиот тим, учинок каков што немал никогаш претходно.

РОТЕНБЕРГ ЈУНИОР - ОД НИШТО ДО ШАМПИОН НА РУСИЈА

Борис Ротенберг минатата година стана шампион во руската лига со Локомотив Москва, клуб кој ја прекина долгогодишната доминација на ЦСКА, Спартак и Зенит. Ротенберг-јуниор имал 7 настапи од кои само еднаш како стартер во екипата (и тоа во последното коло против Арсенал Тула кога шампионот бил решен).

Во 2017-та го освои и рускиот Куп со Локомотив Москва предводен од легендарниот тренер Јуриј Семин.

Необично, Борис дури 6 години претходно не освоил ама баш ништо во кариерата. Го праќале на позајмици по разни клубови и најчесто седел на клупата за резерви. Играл и во Финска, па во 2006-та дошол во Зенит. Секако, не добил шанса во првиот тим туку играл за вториот, Б тим на клубот од Санкт Петерсбург.

Во 2009 година оди во Химки каде игра на 13 меча во втората руска лига. А играл, тврдат многумина само затоа што во тој момент екипата била спонзорирана од банката на татко му.

И во 2011-та стигнува во Динамо Москва каде има 3 настапи и 2 позајмици (во Кубан и Олимпијакос Никозија). Потоа се враќа во Динамо, па запишува 15 настапи со Ростов и на крајот доаѓа во Локомотив. На официјалниот сајт Локомотив Москва откако ја освоил историската титула, му заблагодарил на Борис Ротенберг-јуниор за неговата „голема професионалност“.

Во минатото коло од Лигата на шампионите Ротенберг на 32 години за првпат заигра во ова елитно друштво. Доби само една минута но доволно да биде среќен.