Хавиер Занети имаше нестварна кариера со неверојатни 1.114 настапи и тој e шести фудбалер со најмногу одиграни натпревари откако постои фудбалот.
Тајната во неговата долговечност на теренот и кондиција со која можеше да ора без проблем недела-среда-недела, лежи во неговото упорно вежбање на што секогаш обрнувал посебно внимание.
Занети го сметаат за најголема легенда во историјата на Интер, а во неговото последно интервју кажа нешто кое веројатно е најнормална работа, ама за билдер.
„Кревав на бенч со нозе 500 килограми, а со една нога успеав да кренав 310 килограми.
Физичката подготвеност отсекогаш била мојот најважен аспект во кариерата. Кога пристигнав во Италија 1995-та, почнав да правам многу вежби заради тоа и за тимот, но и за себе.
Тој што има посилни мускули има многу поголеми шанси да спречи повреди. Редовно играв по два натпревари неделно, но и покрај тоа никогаш не сум пропуштил тренинг во понеделник.
Без оглед на тоа што и 48 часа после мечот се чувствувате уморно, тоа ми помагаше подобро да го спремам следниот меч“.
Ете зошто Занети имаше бутови како Хул Хоган и кога ќе се заградеше делуваше цврст како бик.
Кој ли ги надмине неговите настапи во Интер. Рекордни 858 мечеви и 16 трофеи за 19 сезони. Плус светски пример за фер плеј. Првиот и единствен црвен картон го доби на крајот од кариерата која му траеше до 40 години.