Offside

Веќе се познати сите екипи кои ќе играат во новата сезона од Лига на шампиони 2026/2027. 36 тима од кои некои ќе бидат дебитанти и за првпат ќе играат во најдобро друштво.

ЕЛЕМ со Поповски на голот до победа над Гранит

Уника, LC Waikiki и ЕЛЕМ славеа победи во третиот ден од 4. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Боксерот Алварез го потпиша најбогатиот договор во историјата на спортот

Шампионот во средна тежина (72,6 кг) во WBC и WBA категориите, Мексиканецот Саул Алварез потпиша астрономски договор со американскиот стриминг сервис DAZN и влезе во историјата.

Уживај Столе сè ти е простено

Секогаш кога ќе помислите на пацерските голови кои ги примивме од Ерменија, сетете се на дечково.

Капитенски потег на место

Точно е дека головите кои вчера Македонија ги прими од Ерменија беа трагикомични и дека поразот е висок и срамен, но погрешно е при една ваква историска шанса да се јадат бабури за некакви сомнежи и да се уништува атмосферата во тимот. Кога победуваа, аматери биле противниците, кога губат, тогаш местена е. Сите треба да се отрезниме, не само фудбалерите.

Саудискиот принц сериозно сака да го купи Манчестер Јунајтед

Мухамед ибн Салман Ал Сауд, принцот чие богатство е проценето на повеќе од трилион долари, сака да инвестира во Манчестер Јунајтед а готов е и во целост да го купи клубот од семејството Глејзер.

Германците се во агонија - 6 порази во една година

Но и покрај тоа односот на релација федерација - селектор и натаму е мирољубив, со спуштен тон и надеж во подобра иднина.

Гибралтар има повеќе бодови од Германија, Англија и Хрватска

Селекцијата која се радува на победа како да ја освоила Светско, успеа да стигне и до втората победа во својата историја на официјални натпревари и тоа втора по ред, а Светскиот првак од пред 4 години не може да победи. Што ти е фудбал.

Кариус може да одмори, во Европа се збори за Столе

По „историскиот“ настап на германскиот голман во финалето на ЛШ меѓу Ливерпул и Реал Мадрид, немаше ден а некој да не го закачнеше Лорис Кариус. Сега големите европски медиуми имаат нов миленик - нашиот голман Димитриевски.

Му ја најдовме казната на Столе

За пацерските голови кои синоќа ги прими чуварот на голот на македонската репрезентација од Ерменија, Пандев, Трајковски, Алиоски, Барди и компанија треба да го казнат со „шут у дупе“. Така се вика познатата стара маалска игра, која ја практикуваат фудбалерите на Ајакс.

Волеј удар со кој Мертенс можеше да онесвести човек

Белгија и Холандија одиграа 1:1 на синоќешните пријателски средби, а напаѓачот на Наполи, Дрис Мертенс постигна гол на кој подобро е човек да не интервенира. Па од топ да ја испукаше немаше волку брзо да лета.

Костов со 4 погодоци му донесе победа на С.Ц. Борис Трајковски над Мепсо

Во вториот ден од 4. коло во Бизнис лигата на Македонија победи славеа екипите на Макпетрол, Лукоил и Борис Трајковски.

Катастрофални грешки ја одведоа Македонија во пораз во Ерменија

Од играчка-плачка на кратко би можело да се опише разочарувачкото гостување на Македонија во Ереван каде Пандев и соиграчите доживеаа дебакл 4:0 (1:0). Мизерни грешки на голманот Димитриевски нè одведоа во пораз.

Денот кога Симан месечареше, а Шаќири го замолчуваше Саутемптон

На денешен ден пред точно 16 години се случи едно од најголемите фудбалски изненадувања кои Македонија ги има направено во својата историја. Тие ти вадат среден ред со Бекам, Сколс и Џерард, а ти ги утепуваш со гол од корнер.

Методите на работа на најдобриот младински тренер во Германија

Норберт Елгерт е тренер на младинците на Шалке и човек од кого за фудбалот и општо за животот научиле многу фудбалски ѕвезди меѓу кои Месут Озил, Мануел Ноер, Лирој Сане, Сеад Колашинац, Јулијан Дракслер.

Луксембург ќе се откажува од Лига на нации, многу им дошле победиве

Во денови кога некои читатели ни ја расипуваат забавата со македонска репрезентација, која инаку се забавува со противниците за кои таа не е крива што со нив ја сместиле во група, решивме малку да се пошегуваме со насловот.

Стоперот на Холандија уште не се родил кога последен пат ја добиле Белгија

Вечерва во Брисел репрезентациите на соседните земји Белгија и Холандија ќе се сретнат по 127. пат во својата долгогодишна историја а дуелот го следат неколку занимливости.

Како Мамиќ ја издржува затворската казна

Хрватите лани му стегнаа затворска казна на Здравко Мамиќ од шест и пол години за финансиски малверзации со трансфери во Динамо Загреб. Арно ама ден пред да ја соопштат пресудата будалата фати штрафта за БиХ, бидејќи има и босански пасош. Исто така таму има и пријатели кои го канат на свадба, па Хрватот се наоѓа во Босна и лумпува на српски песни со откопчана кошула.

Ерменија му е редовен пациент на Пандев

Македонската фудбалска репрезентација денеска со почеток од 18 часот го игра четвротото коло од Лига на нации во кое ако оствари триумф ќе го потврди лидерското место во групата по што ќе следува плејоф за пласман на ЕП 2020. На капитенот ептен му лежи оваа селекција.

Норвешкиот селектор: „На Бугарите им е во ДНК да лажат“

По подолго време фудбалската репрезентација на Бугарија сериозно конкурира за пласман на едно големо натпреварување. Но сметките им ги замрсува Норвешка против која играат вечерва на гости.

Усеин Болт го бараат Катарци на Малта, да се бори за влез во Лига на шампиони

Откако конечно заигра професионален фудбал, најбрзиот спринтер на светот почна да дава и голови, па го привлече вниманието на некои малку од малку посериозни клубови.

Анегдотата кога Гаскоњ го дотерал Гатузо од глава до петици

Кога Џенаро Гатузо треба да раскаже случка од минатото, ако зборува треба да се претвориме во уши, ако ја пишува тогаш во очи. Нема шанси да не е интересна.

Не се поништува ваква убавина од гол

Со двата гола на Џеко, селекцијата на БиХ ја совлада Северна Ирска на синоќешните средби од Лига на нации. Но голгетерот на Рома, сепак заслужи да запише хет-трик. Погледнете што смислија од слободен удар со Пјаниќ. Реал и Барса го немаат направено ова.

Гол на месецот и кандидат за Пушкаш

Име: Телмо. Презиме: Кастањеира. Клуб: ЦД Трофенсе од португалското фудбалско подземје. Гол: За наградата „Пушкаш“.

Ти им викаш Македонија 16 месеци е без пораз, тие и на тоа наоѓаат маана

Што време дојде да не може човек да сподели радосна вест за фудбал, а во прашање е македонската репрезентација, друга немаме. По десеттиот меч без пораз во низа, ете ти нов проблем. Слаби биле противниците.