15 лудачки фудбалски факти

Веројатно познато ви е дека Шефилд е најстар фудбалски клуб, ама не и дека Барса нема победа против Данди или дека во Јужна Африка судија може да ти извади пиштол. А ова со целерот и 18 месечниот фудбалер? WTF?

1. Еден Азар има син кој се вика Лео. Гери Кејхил има син кој се вика Лео. Фернандо Торес има син кој се вика Лео. На грбот на Челси има лав. Лео е латински збор за лав. Сите тројца играчи имаат играно или играат за Челси.

2. Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Чарли Адам е помлад од Кристијано Роналдо.

3. Диего Марадона еднаш има настапено за Тотенхем.

4. Додека беше директорка на Бирминген Сити, Карен Брејди му го продаде својот сопруг на Стоук за 400.000 фунти.

5. Најголемата посетеност на Олд Трафорд се има случено на полуфиналето од ФА купот меѓу Вулверхемптон и Гримсби Таун одиграно на 25 март 1939-та. Присуствувале рекордни 76.962 гледачи.

6. Данди Јунајтед има перфектен учинок против Барселона односно 4 од 4 против каталонскиот гигант.

7. Ниту еден член на Барселона никогаш не беше избран за Ла Лига играч на месецот се до Нејмар во ноември 2015-та.

8. Стапката на наталитет во Германија се зголеми за 30% откако беа домаќини на СП 2006, а тоа го препишуваат на игрите на репрезентацијата.

9. Првиот кошаркарски натпревар се одиграл со фудбалска топка.

10. До 1913-та година, хокеарите не носеле различни бои на дресови од противниците.

11. Еден повик до судијата на фудбалскиот натпревар меѓу Перу и Аргентина во 1964-та, предизвикал немири во кои загинале над 300, а повредени биле над 500 луѓе.

12. Првиот фудбалски клуб во светот бил Шефилд, основан во 1857-ма година.

13. Баерке ван дер Меј, кој имал 18 месеци, станал првиот фудбалер кој потпишал за холандскиот клуб Венло.

14. На меч во Јужна Африка во 1999-та, 34 годишниот судија Лебоганг Петрус застрела играч кој му се заканил со нож.

15. Внесувањето целер на Стемфорд Бриџ е забрането и може да ви донесе доживотна забрана за влез.

3 јануари 2019 - 15:45