Драма број 1 на синоќешното дерби меѓу Сити и Ливерпул беше 18-та минута во која немаше навивач на Ливерпул кој не стоеше на нозе и не се држеше за глава за пропуштената шанса.
Прво Мане ја погоди стативата, па Џон Стоунс го погоди голманот, топката се одби и фати правец во гол, но Џон ја стигна и ја извади со последни маки, пред Салах да ја забие.
И што се случи? Часовникот на судијата вибрираше за да покаже дека не е гол, бидејќи топката не ја минала гол линијата.
Навивачите на Ливерпул се бесни:
„За мене ова е чист гол. Сити исклучете ја гол технологијата“.
„Гол технологијата е чиста глупост“.
„Петиција за да се извади од употреба гол технологијата“.
Третиов не се зеза, туку озбилен е. Навивачите на Ливерпул денеска потпишуваат петиција за отстранување на гол технологијата на која не и веруваат.
Ова е малку смешно нели, бидејќи одат против нешто што е изработено со 100% точно или со други зборови одат со глава во ѕид.
Јасно му е на секој што прати фудбал, дека за да биде гол топката треба целосно да ја мине линијата, а за тоа да се случи синоќа фалеле 11 милиметри.
А што да кажат навивачите на Сасуоло.