Веќе пет години се нема појавено во јавност. Нема информации како изгледа, како се држи и во каква состојба е, бидејќи семејството на Шумахер само ги исполнува желбите на Шуми, а тоа е почитување на приватноста.
И по толкаво минато време, не може човек да не се потсети на тоа што го оствари, особено на неговиот денешен јубилеен 50-ти роденден.
- Сè уште е рекордер со 7 светски титули, првите две со Бенетон, останатите пет (по ред) со Ферари.
- Сè уште е рекордер со 91 победа, како и со хет-трик (остварена пол позиција, победа и најбрз круг на истата трка)
- Сè уште е рекордер со најголем број качувања на подиумот (155).
- Сè уште е рекордер со најголем број на освоени втори места (155).
- Сè уште е рекордер со 15 последователни сезони во кои победил барем по еднаш. Тоа е во периодот од 1992-ра до 2006-та.
- Тој е првиот Германец кој стана светски шампион во Формула 1.
- Со шестата светска титула стана најуспешен пилот во Формула 1, надминувајќи го Хаун Мануел.
- Со петтата титула во низа од вкупно седум постави уште еден рекорд во неговата легендарна кариера.
Целиот спортски свет денеска е на нозе, бидејќи роденден му е на најуспешниот шампион во Формула 1 и еден од најголемите возачи во спортски автомобилизам на сите времиња.
Тој што им стана идол на милиони љубители на Формула 1, Михаел Шумахер.
Му остана уште една последна трка која треба да ја победи, онаа најважната, а тоа е животот.
Но не за влезе меѓу легендите, бидејќи таму е веќе долго време.
На социјалните мрежи се рашири и една слика со VHS лента снимена на 8 октомври 2000.