За Нова година на гостување далечно 230 километри во трета лига

Додека секој „нормален“ човек на 1-ви јануари 2019 се излежувал сабајлечки, мамурен од прославата на Нова година претходната вечер, околу 8.000 верни навивачи на Сандерленд тргнале на далечно гостување во Блекпул каде прославија важна победа.

Откако во само две години доживеаа две болни испаѓања - прво од Премиер лига, па после од Чемпионшип, „црните мачки“ сезонава водат битка за враќање на старите патеки.

По 24 одиграни натпревари (два помалку од лидерот Портсмут), Сандерленд е трет во Лига1 со 50 бода и заостанува 7 бода зад првопласираниот. Тешките моменти за клубот не ги скрши навивачите на Сандерленд, туку ги направи уште посилни.

На пример за традиционалниот Боксинг деј - Божиќното коло во Англија, на нивниот стадион на светлината - „Stadium of Light“ против Бредфорд Сити имало неверојатни 45.000 гледачи! Оваа посета станала трета највисока за Сандерленд во последните 39 години!

За ова се зборуваше ширум Европа а потврда за страшната љубов на навивачите на Сандерленд кон нивниот клуб стигна на 1 декември.Гостуваа „црните мачки“ во Блекпул, на стадионот „Блумфилд роуд“. На стадионот имало официјално 10.994 гледачи од кои дури 7.804 биле навивачи на Сандерленд!

Младо, старо, машко и женско, без разлика што правеле претходната ноќ за Нова година, сите се упатиле со автобуси, комбиња и коли кон 230-километри оддалечениот Блекпул.

За неверојатната љубов меѓу навивачите и Сандерленд дури и Netflix сними неверојатно интересна документарка