Во четвртата минута од мечот против „кралскиот клуб“, Казорла со десна пласираше во аголот и преубаво го совлада Тибо Куртоа. Ова беше прв гол во шпанската Ла Лига во новата 2019 година:
Со истата онаа десна нога со која преживеа пекол: 10 операции, сериозна инфекција, кратење на Ахиловата тетива за 8 сантиметри и ризик од ампутација.
Вака му изгледа десната нога на Казорла:
„Имаше моменти кога сериозно размислував да престанам. Мислев дека не можам веќе“, се сеќава симпатичниот Санти на долгата и болна рехабилитација.
За време на паузата, 34-годишниот врвен техничар го оперирале уште два пати, но тој не се предавал. Во јуни 2018 се врати во матичниот Виљареал од Арсенал каде беше неколку години. На 6 јули завршила рехабилитацијата и тој конечно почна подготовки со „жолтата подморница“ за старт на сезоната.
He was told he should be "satisfied" just to walk again after numerous operations, spending 636 days on the sidelines.
— FourFourTweet (@FourFourTweet) January 3, 2019
"I won’t give those who don’t want me to play again that pleasure. I will return!"
Tonight, he netted a brace against Real Madrid.
Wonderful to see. pic.twitter.com/NMjcmW4GDR
На 18 август дебитираше по втор пат во Примера против Реал Сосиедад. Од тогаш до 4 јануари 2019 година, синоќа, чекаше да го покаже тоа поради што некогаш беше шпански репрезентативец и еден од најдобрите фудбалери од среден ред во Европа.
После првиот гол во 4 минута, во 82 минута одново го совлада Куртоа и тоа со глава иако има само 168 сантиметри:
Интересно, ова беше само втор гол со глава во долгогодишната кариера на вечната класа Санти Казорла.