Offside

Веќе се познати сите екипи кои ќе играат во новата сезона од Лига на шампиони 2026/2027. 36 тима од кои некои ќе бидат дебитанти и за првпат ќе играат во најдобро друштво.

Алиоски 2019-та ја почна со гол

Македонскиот репрезентативец убаво ја стартуваше годината и токму на 1 јануари даде гол, но Лидс капитулираше на гостувањето против Нотингем Форест како никогаш сезонава.. Алиоски постигна погодок во втор за 1:2 со што направи пресврт, но тимот на Биелса имаше блекаут и прими три комада за 7 минути.

Де бе Светско да не освоивте?

Валсал и Лутон имаа доста драматичен финиш во 94-та минута во која гостите стигнаа до 2:2. Тие се втори, а му израмнија на 15-то пласираниот во првенствен меч од третата англиска лига, така што не гледаме причина зошто до волку одлепија со се навивачи.

2018-та е за јунакот Марко од Охрид

Без разлика на оствареното, фудбалот, ракометот и кошарката оваа година ги оставаме на страна, бидејќи на домашна сцена имавме успех кој не се памети претходно. Тоа што го направи малиот Охриѓанец е уникатно и премногу храбро и јуначки. На 12 години го преплива Охридското езеро.

Најинтересните спортски фотографии во 2018

На спортски план, оваа 2018 година беше многу занимлива. Гледавме Светско првенство во фудбал, нов турнир од УЕФА - Лига на нации, интересни кошаркарски, ракометни, тениски, одбојкарски и дуели од другите спортови.

Анегдотата за Роналдо и децата кои имале потреба од дресови

Зад епската и насекаде омилена генерација на легендарниот Бразил кој имаше играчишта на секоја можна позиција, се кријат многу приказни. Ова е една од нив, а ја раскажува Роберто Карлос.

Маркус Рашфорд се претвори во Роналдињо

Манчестер Јунајтед по 3 кола со Солскјер е во екстаса. Има 3 од 3 и гол разлика 12:3. Норвежанецот го оживеа и Погба, кој синоќа ги збрца првите два гола. Погледнете само што им направи Рашфорд на двајца противници пред да му асистира. Денеска се на психијатар и двајцата.

Не му ја мисли ако ти опаѓа косата, и Гвардиола имаше бујна па оќелаве

Со многу шеги на своја сметка за ќелавоста, најдобриот тренер на денешницата покажува дека нема комплекс од тоа што косата нагло му опаднала и дека не пресадува коса како некои други негови колеги, со цел да го „покрие срамот“.

Свадбар на денот

На Енди Керол од Вест Хем Боксинг деј му беше г`з преку глава. Прво беше на гостување против Саутемптон, а потоа брз туш и два часа пат со такси до Лондон. Брзаше да стигне на свадба кај сестрата на неговата свршеница. Битно стасал и направил чест, не се фаќајте сега за облеката.

На прв час по скијање кај тато

Од кога сме немале нешто за скијање м? Спортот кој ни ја донесе најголемата хумористична будала од татко. Медо е тамо е врвот, ама врвот на неговите совети дека свртел на погрешна страна.

Го свитка голот заплеткан во мрежата

На мечот Централ Коуст Маринерс - Перт Глори гостинскиот фудбалер Томислав Мрчела ја искриви стативата од голот на домаќините откако претходно со глава ја заби топката во мрежа па се заплетка.

Путин и за хокеј го бивало

Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, покрај тоа што добро владее со некои боречки вештини (аикидо пред сè), синоќа на Црвениот плоштад во Москва покажал дека знае да игра и хокеј на мраз. На пријателски, ревијален меч на кој играле уште и министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу, јавни личности и поранешни хокеари, тимот на Путин победил 14:10.

Начинот на кој Ренџерс и Селтик го разбираат фер-плејот

Првпат после цели 13 натпревари Ренџерс успеа да го победи најголемиот и најомразен ривал Селтик со 1-0 со голот на Рајан Џек. Последна победа во првенството им беше во март 2012, а последен пат надвор од регуларните 90 минути, на пенали победија лани во 2016 во полуфиналето од купот на Шкотска. Сега имаат исто бодови на врвот но Селтик има меч помалку.

Каков тандем беа Шевченко и Кака

Милан во ерата пред и после Марко Ван Бастен немал напаѓачко дуо како Украинецот и Бразилецот. Едниот му местеше, а другиот со лева, со десна, со глава, од прва, ги решеташе противничките голмани. Просто неверојатно колку беа добри. На денешните дрвца што играат за славниот Милан треба да им се пушта видеово.

Овации за Перо пред дербито Фенер - Реал

Истанбул не го заборава Перо Антиќ кој замина во Турција за да го гледа мечот од Евролигата меѓу неговиот поранешен клуб и Реал Мадрид. Настапуваше за Фенер од 2015-та до 2017-та и со нив стигна до третата европска титула во кариерата. Ептен го испоштуваа.

Како да ја крстиме оваа чудесија од потег?

Роналдињо, Нејмар...Уствари не, шампионе за футсал Фалкао кажувај што е ова, како може вака и кој е ликов? Да не му ставиле нешто во пијачката?

Јунакот на годината кој преживеа семејна драма и продолжи да игра врвен фудбал

Еден од најдобрите фудбалери во англиското првенство и повремен капитен на шампионот Манчестер Сити вели дека ни самиот не може да сфати како успеал да се справи со тешкиот товар кој животот му го ставил на раменици.

17 причини поради кои Манџукиќ стана миленик во Јувентус

Четврта сезона е во Јуве, ама го засакаа како да е 10. На страна искуството и клучните голови против ривалите од горниот дел на табелата. Старата Дама има вистински борец кој гине за секоја топка и плус го има секаде на терен, без разлика што е робусен шпиц.

Децата кои ќе ти го испијат мозокот со топка

Јохан Кројф остави еден аманет во Барселона, а тоа оваа фудбалска институција никогаш да не откажува од пас играта која се разви во тики-така. Меси, Иниеста и Чави не се единствените кои ги добија овие лекции како мали. На тоа се работи и сега и затоа ќе вадат јаки играчи.

На фјорд во Норвешка најдено писмо во шише од Нејмар како мал

Апсолутно нереална приказна доаѓа од малиот норвешки град Фауске расположен на брегот на норвешкото море, градче колу кое има фјордови.

Си се заиграл со Меси, Зидан, Лампард, Кака, а те викаат одма дома да одиш

Што знаат дома кои се најголемите ѕвезди на фудбалот во последните 50 години? А малиот Хозе таман се заигра.

За талентот на Рома кој преку ноќ стана миленик на Јужната трибина

Франческо Тоти, легендата на римскиот клуб, речиси никогаш не сакал да зборува за негов евентуален наследник. Никогаш, освен неодамна кога „на сите ѕвона“ го испофалил малиот Николо Ѕаниоло од кого тифозите на „волчицата“ очекуваат баш многу.

Најискрена детска изјава на годината

Дуализмот Звезда - Партизан во Србија е толку распространет што некој ден ќе се изненадиме кога и птиците на гранките ќе почнат да се расправаат за овие два вечни ривали. Така и едно мило девојче во репортажа за нивното семејство на телевизија си кажа што имаше.

Царот што собрал 3.200 навивачки шалови

Холанѓанецот Јелмер Ботс е еден од најпасионираните колекционери на фудбалски шалови во Европа. Во поткровјето од својата куќа тој има шалови од Естонија па до Монголија. Меѓу илјадниците драгоцени аксесоари има и два шала на македонски клубови.