Во ситуација кога Оле Гунар Солскјер не можеше да смета на: Пол Погба, Хуан Мата, Марсијал Лингард, Матиќ, Фил Џонс, Ерера, Алексис Санчез, Дармијан и Маркус Рохо - речиси сите до еден првотимци, шанса добија неколку голобради деца од школата на клубот.
На клупата за резерви на „Паркот на принцеви“ беа: Таит Чонг, Гарнер, Гомез и едно дете кое влезе пред крајот од мечот. Се вика Мејсон Гринвуд и уште нема мустаќи колку е млад.
****
Мејсон Гринвуд е роден на 1 октомври 2001 година во Вибсеј, Бредфорд.
Како помал почнал да игра во средниот ред а набрзо го префрлиле во шпицот од нападот. Во сезоната 2017-2018 го префрлиле во тимот до 18 години на Манчестер Јунајтед и постигнал 17 гола на 21 меч.
Практично кога Мејсон Гринвуд се родил, Џиџи Буфон веќе имал 23 настапи за репрезантација на Италија.
Благодарение на тој учинок, во јули минатата година го викнале на пред-сезонската турнеа со првиот тим во САД. Првиот професионален договор го потпишал на 2 октомври 2018.
И ни повеќе ни помалку, дебитираше за првиот тим на најважниот меч во сезоната, против Пари Сен Жермен на реваншот од Лига на шампиони. Влезе во игра во 87 минута место Ешли Јанг кога мечот „се кршеше“ и на крај се „скрши“ во корист на Манчестер.
Инаку Мејсон Гринвуд оди во училиштето Mersey School кое соработува со Манчестер Јунајтед кој ги праќа децата од својата академија на часови таму.
Мејсон во петок треба да се појави на часови кај учителките.
Mason Greenwood is due back in class at Ashton on Mersey School on Friday. #mufc have a partnership with the school, which allows their youngsters to carry on their studies as they train with the club’s academy #mulive [times]
— utdreport (@utdreport) March 6, 2019
Literally going to class
— LifeRecordings (@bibib0899) March 6, 2019