Сава Осигурување на крилата на Марковски до победа над ЈСП

Екипите на Вип, Фабрика Карпош - ГИМ и Сава Осигурување славеа победи во третиот ден од 15. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Сава Осигурување на крилата на Марковски до победа над ЈСП

ЈСП (3-2) Сава Осигурување

ЈСП: Сашо Георгиев 6’ Даниел Антовски 9’ Сабит Хусеини 10’ 32’

Сава Осигурување: Јовица Марковски 30’ 33’ 34’ 35’ Коста Глигуровски 11’ 15’

Интересно прво полувреме одиграа екипите на ЈСП и Сава Осигурување, првиот дел од полувремето во целост и припадна на екипата на ЈСП која имаше целосна контрола врз играта што резултираше со водство од 3-0 во 10та минута. По ова екипата на Сава Осигурување беше приморана да се префрли на противничката половина и да врши посилен притисок кон голот на ЈСП како би фатила резултатска приклучок, тоа им успеа во 11та минута со голот на Глигуровски. До крајот на полувремето екипата на Сава Осигурување притискаше и успеа да постигне уште еден погодок и да се приблии на само гол негатива, но сепак екипата на ЈСП успеа да го издржи притисокот и на полувремето замина со предност од 3-2. Во второто полувреме се продолжи во високо темпо на игра во кое екипата на Сава Осигурување ја имаше повторно улогата на екипа која го брка резултатот. Тие со одлично организирана игра успеаа да создадат неколку шанси за погодок а успеаа да дојдат до израмнување во 30та минута со голот на Марковски. Последните минути од натпреварот беа вистинска бркотница во која поуспешна беше екипата на Сава Осигурување која го доби овој дуел со резултат од 4-6.

Фабрика Карпош – ГИМ со одлична игра до победа над МЕПСО

Фабрика Карпош – ГИМ 6-3(2-0) МЕПСО

Фабрика Карпош – ГИМ: Кристијан Панев 13’ 21’ 39’ 39’ Александар Бошев 10’ 23’

МЕПСО: Борис Трајковски 33’ 37’ 40’

Првата фаза од полувремето во дуелот помеѓу Фабрика Карпош – ГИМ и МЕПСО одмина во мирен ритам на игра во кој и двете екипи ги одмеруваа силите, па играчите со соло акции со удари од далечина се обидуваа да сторат нешто повеќе. Како одминуваше времето екипата на Фабрика Карпош – ГИМ ја превзеде иницијативата и вршеше жесток притисок кон голот на МЕПСО што вроди со плод со голови постигнати во 10та и 13та минута и водство од 2-0. До крајот на полувремето екипата на МЕПСО се обидуваше да постигне погодок и резултатски да се врати во игра но екипата на Фабрика Карпош – ГИМ со одлична игра во фаза на одбрана и напад не и остави многу простор за игра и го доби ова полувреме со резултат од 2-0. Во второто полувреме екипата на МЕПСО фрли се на една карта и тргна во тотална офанзива, но таквата отворена игра ја направи нивната одбрана ранлива што екипата на Фабрика Карпош – ГИМ вешто го искористи и преку контра напади успеа да ја зголемува предноста за конечна победа од 6-3.

Вип убедливи со дуелот со Алкалоид

Алкалоид 4-9(0-4) Вип

Алкалоид: Дениз Салковиќ 34’ 40’ Бобан Митевски 30’ 33’

Вип: Ненад Богдановиќ 9’ 34’ Мартин Ангеловски 31’ 33’ Мартин Тодоровски 9’ 15’ 21’ Иле Никодиновски 13’ Васе Дојчинов 30’

Одлично прво полувреме ни прикажаа екипите на Алкалоид и Вип, екипата на Вип уште на самиот старт ја превзеде иницијативата и се префрли на противничко поле што резултираше со предност од 1-0 во 9та минута. По ова екипата на АЛкалоид се префрли во противничко поле вршејќи силен притисок како би дошле до израмнување но екипата на Вип одлично ги затвори сите приоди кон својот гол и преку брзи контра напади успеваше да ја казнува екипата на Алкалоид, па на полувреме да замине со висока предност од 0-4. На стартот од второто полувреме екипата на Алкалоид започна со целосна офанзива обидувајќи се да ја намали високата предност на Вип од полувремето, но екипата на Вип на својот гол го имаше расположениот Јанакиевски кој со своите одлични интервенции ја спречи екипата на Алкалоид резултатски да се доближи и да го направи овој натпревар неизвесен. На крајот овој натпревар го доби екипата на Вип со висока предност од 4-9.

7 март 2019 - 10:45