Пред ждрепката за 1/8 финале во Лига Европа, хрватскиот фудбал дојде во позиција преку Динамо Загреб да обезбеди дополнителни места во квалификациите за ЛШ и ЛЕ од 2020/2021.
За такво нешто требаше хрватскиот шампион да не изгуби макар еден од двата дуели со Бенфика, а тоа им појде од рака синоќа на „Максимир“ каде победија со 1-0. Така Хрватска осигураше место во ТОП 15 на табелата на првенствата под закрила на УЕФА.
Благодарение на триумфот на „Модрите“ над португалскиот состав, Хрватска сезонава ќе ја заврши пред лигите на Данска и Швајцарија кои ќе останат без дополнителни претставници.
ХРВАТСКИОТ ФУДБАЛ ДОБИ ПРЕУБАВА НАГРАДА
Шампионот во ХНЛ од 2020/2021 ќе стартува во 2. претколо на Лига на шампиони во делот од ждрепката за носители, а второпласираниот тим во ХНЛ ќе тргне од второто претколо но во кругот на неносители.
Победникот на хрватскиот Куп (или третопласираниот на табелата ако шампионот кој ќе ја освои титулата го освои и Куп трофејот), ќе оди директно во третото претколо на Лига Европа, а од второто претколо во ЛЕ ќе тргнат и преостанатите два клуба кои ќе обезбедат место за Европа.
****
Благодарение на неверојатниот успех на Динамо кој победи на првиот меч од 1/8 финалето на ЛЕ, второпласираниот тим во 2020 година ќе има шанса после само еден ривал да избори пласман во Лига на шампиони или да обезбеди најмалку групна фаза на Лига Европа што е неверојатен успех.
Сезонава Хрватска освои 23 бода од кои Динамо донесе дури 18 со 8 победи и 4 ремија во Европа. Хајдук сезонава освоил само 2,5 бода, Осијек 2,0, а Ријека 0,5.
Вкупниот број на една земја се дели со бројот на клубови кои учествувале во таа европска сезона која се брои па Хрватска сезонава стигна до 5,75 бода.