6 март 2019-та: Истото тоа момче го поминува својот идол Мајкл Џордан на вечната листа на стрелци во НБА лигата.
На фотографијата Леброн има 19 години и го одбираат за прв пик на драфтот од страна на Кливленд. Сезоната го прогласуваат за најдобар дебитант во НБА лигата, а ја завршува со 20,9 поени, 5,5 скока и 5,9 асистенции по натпревар.
Мајкл на фотката има 40 години, а тоа е годината кога и официјално и стави крај на кариерата. Реши да направи кам бек на паркетот во 2001-ва и да потпише за Вашингтон Визардс со интенција платата да ја донира за жртвите на семејствата од терористичкиот напад на кулите близначки.
Леброн Џејмс постигна 31 поен против Денвер и сега има 32.311 поени, а Џордан има 32.292. Прв е Карим Абдул Џабар (38.387), втор Карл Мелоун (36.928), трет Коби Брајант (33.643).
16 години подоцна Леброн ја имаше таа чест да добие честитки од својот идол кој рече:
„Сакам да му честитам на Леброн за постигнување на уште еден фантастичен рекорд за време на неговата неверојатна кариера“.
А Леброн за Џордан изјави:
„Јас учев од него. Во детството тој беше мојот пример и секогаш сонував да бидам како него. Среќен сум на овој успех, ова е лудо“, рече Кралот Џејмс кој на мечот за историја настапи со Џорданки на кои пишуваше:
Секој чест и за едниот и за другиот. Ние бараме да се врати НБА со Љубомир Николовски од 90-те, така што јасно ви е за кого трзаме повеќе.