Спектакуларно германско тифо во ЛЕ

Не треба некое посебно претставување и најавување, бидејќи ова не е никакво изненадување. Кога игра нивниот тим, тие вака навиваат, а на гостувања одат по 10.000 и јаче. Дами и господа, препознатливата навивачка армија на Ајнтрахт Франкфурт која не треба, туку мора да го добие признанието за навивачка група на годината. Инаку клубот утре им полни 120 години. Формиран е на 8 март 1899, a тие вечерва против Интер вака се претставија по повод роденденот.

7 март 2019 - 21:46