Offside

Еден од најдобрите европски фудбалери во своето време, Месут Озил се најде на списокот на „непријатели на Украина“ откако јавно го поддржал враќањето на руските репрезентации и фудбалски клубови на меѓународните турнири.

Торонто и Канада не памтат ваква еуфорија, Репторс водат во финалето на НБА

Спротивно на сите предвидувања и очекувања, Торонто го совлада Голден Стејт 118:109 и „фрли шкорче во бензинот“ на финалето на НБА. Икс-фактор на мечот беше Паскал Сиакам кој сам ги доби Вориорси.

Како живее Клоп со комшиите во предградието на Ливерпул

Веќе во целост се вклопил во англиското традиционално секојдневие. Оди во пабови на фиш енд чипс, пие пиво, игра квизови, се забавува со куглање со пензионери, го шета кучето по плажа на Ирското море. Едноставно живее мирен и убав живот.

Ранетиот лав е најопасен

Третото последоватолно учество на Фајнлфорот веројатно е најслатко. Може ли Вардар да ја повтори историјата и повторно да го шокира ракометниот свет? Знаете како велат - ранетиот лав сè уште сака да талка. Тоа го вели ЕХФ во својата најава, е ние би го повториле насловот во кој силно веруваме.

„Тргнете ја ѕвездата на Конте од стадионот, толку е со него“

За човекот кој 13 години беше играч на Јувентус, а потоа го изнесе овој клуб одново на прав пат и му донесе многу титули, навивачите на „Старата дама“ би требало да имаат почит. Или не?

Ова е тренинг или фотосесија со Меси?

Кој знае кои мераци им се прават на младите репрезентативци на Аргентина што имаат можност да тренираат со најдобриот. Како тргнала работава, Меси изгледа ќе треба да си оди дома за овие да фатат да тренираат, инаку ова нема крај, стварно ќе настинат во место.

Кој се паркираше пред офисот на газдата на Интер?

Работата е завршена и официјализирана. Спалети аут, Конте ин. И покрај тоа што две години по ред ги носи во Лига на шампиони, очигледно Интер не е задоволен од работата на нивниот досегаш стратег, па се реши за уште позвучно и појако име. Неговото доаѓање го најавија со специјално изработено видео во кое се појавуваат само Конте и газда Стивен Жанг.

Рамстор со победа над Аџибадем Систина до Ф8

Сава Осигурување, Гранит, Македонски Телеком и Рамстор славеа победи во првите нокаут мечеви од Бизнис лигата на Македонија.

Кои екипи профитираа од пехарот на Челси?

Ако Арсенал синоќа ја освоеше Лигата на Европа, Премиер лигата ќе имаше дури пет претставници во ЛШ, бидејќи таму ќе играат Манчестер Сити, Ливерпул, Тотенхем и Челси, вака сосема друг ќе се радува или поточно други.

Врвна рекламна кампања за англиските навивачи да не бидат кретени

Маргарет Тачер, челичната лејди беше најзаслужна што Британија ги скроти хулиганите кои како кучиња од ланец беа пуштени по Европа каде рушеа сè пред себе. Сега веќе нема такви насилни бараби, ама има кретени кои после пар пива мочаат по европските плоштади и фрлаат стари луѓе во фонтани.

Како Пандев ја следеше драмата на Меаца вредна опстанок

Фиорентина и Џенова во последното коло од Серија А одиграа калкулантско реми од 0:0, се со цел и двете екипи да се спасат. Ама за тоа да се случи, Интер мораше да го совлада Емполи и да го испрати во Серија Б.

Првиот фудбалер на светот кој ги освои сите најголеми трофеи

Шпанскиот репрезентативец Педро досега во кариерата со Барселона, Челси и Шпанија има освоено 25 трофеи меѓу кои и највредните во фудбалот, со што стана единствен во историјата.

Нема фрки меѓу Игуаин и Луис, се смирија

Тензијата меѓу Гонзало Игуаин и Давид Луис кои се срчнаа на 24 часа пред финалето на ЛЕ е минато. Фудбалерите на Челси ги надминаа недоразбирањата после лактот кој Аргентинецот го попи од Бразилецот, па дури и кажаа дека се сакаат.

Господинот кој цела сезона го ругаа и критикуваа, на крај испадна шампион

Притисокот кој Сари го издржа во текот на сезоната е стварно за раскажување. Секој ден излегуваа наслови со негова смена, со шут-карта, а со неговиот авторитет голманот Кепа проба да брише под. На крај Италијанецот покажа дека е многу голем стратег.

Јунак на финалето кој задрема

Разбираме и умор и долг пат и напорно гостување, ама да заспиеш на сред историско финале меѓу два гиганти од ист град?

Жиру: Ти благодарам Арсенал

Некој вришти, друг тегне пивце, а Жиру си го ремети претходниот клуб или веројатно му се заблагодарува што го пуштиле во средина каде го освои првиот европски трофеј. Тој што ја одржува атмосферата со микрофон, ако слушаме добро после коментарот на Жиру вели: Сака нов договор.

Акцијата со која Челси потврди дека игра прекрасен фудбал

Сините го носат во клупскиот музеј на „Стемфорд Бриџ“ и вториот пехар од Лига Европа, освоен во Баку со моќни 4:1 против Арсенал. Играше Челси убав фудбал за око сите 90 и кусур минути.

Еден Азар - играч број 1 на сезоната во секој поглед

Ако некој играч во денешницава е најадекватно да го ставиме во ист кош со Роналдо и Меси, тоа дефинитивно е Азар. Човекот без кој Челси немаше да биде истиот изминативе 7 години и човекот кој сигурно многу ќе им фали на Стемфорд Бриџ.

Маурицио Сари се радувал и на освоен Куп на Серија Д

Во годината кога Роман Абрамович го купува Челси, 2003-та, Маурицио Сари е на почеток на тренерската кариера и со анонимниот клуб Сансовино го освојува Купот на Италија за екипите од Серија Д.

Бар да знаевте да се тепате

Навивачи на Арсенал пијани или нервозни или пијани и нервозни што немаат освоено европски трофеј едно 25 години.

Арсенал во нокаут на лондонското финале во ЛЕ

За 23 минути игра во второто полувреме од финалето во Баку, Челси и Арсенал понудија богата серија на дури 5 погодоци од кои 4 завршија зад грбот на Петр Чех. Челси ја освои Лигата на Европа со головите на Азар, Педро и Жури. Еврогол на Ивоби за публика.

Нека свирне крај за да престанам да глумам

Тоа се тие тешки повреди од кои се умира. Аха повреди, лажги со опашки.

Последниот европски трофеј Арсенал го освои пред 25 години

Ако сте заборавиле или не сте знаеле, Купот на Куп победници беше европски турнир кој поживеа од 1960-та до 1999-та година. Во него играа победници на купови во своите земји, сериозни екипи, а еднаш го освои и Арсенал.

Џентлменски гест на Џенаро Гатузо

Во долгата низа на тренери кои се обидоа да го пронајдат вистинскиот лик на Милан и да го вратат во ЛШ помина и Рино. Зборуваме во минато бидејќи синоќа си поднесе оставка, но и покрај доста заебаниот карактер си замина како господин човек кој не мисли само на својот г`з.