Offside

Европскиот шампион Шпанија е втор полуфиналист на Мундијалот, откако по голема борба ја доби Белгија со 2:1. Микел Мерино втор пат по ред е човек на одлука. Против Португалија во 91-ва, овој пат во 88-минута. Сене Ламенс киксна на голот, откако го замени Куртоа кој се повреди. Фабијан Руиз го отвори резултатот во 30-та минута, 11 минути подоцна израмни Де Кетеларе. Полуфиналето Франција - Шпанија се игра во вторник со почеток од 21 часот.

Сите голови на феноменот Роналдо за Барселона

Многу чест коментар меѓу фудбалските зналци е дека таков талент се раѓа еднаш на 100 години. Налетавме на уникатно видео за неговите мајстории во дресот на Барселона.

Зошто воопшто треба да им се извинуваат?

По поразот од Аталанта, фудбалерите на Каљари беа да им се извинат на ултрасите и застанаа пред нивната огада да бараат прошка. Многу италијански навивачи зовреа од негативни коментари на социјалните мрежи. На еден му доаѓа да ги упуца.

Така де

Во продолжение на најдосадното финале од Супербоул меѓу Њу Ингланд Патриотс и Лос Анџелес Ремс кое комплетно ги разочара гледачите, сеир на овој спорт му пукна и Роналдо.

Раул Гонзалес ја напушти Македонија

Шпанскиот стратег со кој Вардар го испиша најголемиот успех за македонскиот ракомет, повеќе не е селектор на македонската ракометна репрезентација. Штета.

Фотографија од авионот на Сала и пронајдено едно тело

По синоќешната информација за пронаоѓањето на авионот на фудбалерот на Нант кој беше на пат да стане нов играч на Кардиф, објавена е првата фотографија од авионот кој потонал во каналот Ла Манш.

Столе манија меѓу навивачите на Рајо Ваљекано

Еден од двајцата Македонци кои имаат чест да играат во лигата на мега популарните Барселона и Реал е всушност еден наш одличен голман и скромен кумановец кој оди на стадион со метро. Навивачите на Рајо се пресреќни за неговиот договор. На еден му е направен (тиииит) од возбуда.

Падна најатрактивниот автогол на сезоната

На пријателски меч меѓу данскиот Одензе и шведскиот Хелсинборг падна комичен автогол. На стартот на вториот дел сдесниот бек на Хелсинборг, Андерс Рандруп си даде евро-автогол.

Кај е Мурињо? Ене го снима спот во московско предградие

Немој да го жалите. Човекот си работи промотивни кампањи како никогаш досега. Му е гајле дали тепал Јунајтед со Лестер на гости и дали Сити го добил Арсенал. Во моментов е во Балашиха, место веднаш до Москва каде е гостин на хокеарскиот клуб Авангард.

По 12 сезони, 519 меча, капитенот со ирокези фризура замина од Наполи

Ја одбил Борусија Дортмунд затоа што во Европа не сакал да игра повеќе за друг клуб освен за оној од градот во кој го сакаат колку и Диего Марадона.

Одбрана на Јан Облак што ќе ја гледаш одново и одново

Во 3’ минута од мечот Бетис - Атлетико Мадрид, гостинскиот голман Јан Облак направи фантастична парада и го одбрани ударот со глава на стоперот на домаќините Зухаир Федал.

Зошто Пјонтек ги слави головите со имитација на рафално пукање?

Првата играчка недела на Кшиштоф Понтек во Милан е совршена: минатиот вторник даде два во четвртфинале на Куп на Италија против Наполи, а во неделата гол против Рома на „Олимпико“.

Човекот кој најмногу откачи на ремито на Парма против Јуве

Ретко кој може да се пофали дека му дал три комада на Јуве на гости и ретко кој вака одлепил на нерешен резултат. Шампањ бе отвори будалата. И тоа кај нив на стадион. Два дена нема спиено од возбуда.

Карим растура, публиката го величи

Реал Мадрид влезе во одлична серија и има 5 од 5 во Куп и првенство и тоа доста ефикасно со 15 постигнати гола. Најсветла точка периодов во тимот им е најоспоруваниот, Карим Бензема кој топ не го бие веќе 10-та сезона на Бернабеу. Во моментов е најдобар стрелец во тимот со 10 гола, а само на последните четири средби постигна шест. Сосема заслужени се овие скандирања.

Без кичма ќе останеше за малце

Реал Мадрид го совлада Алавес со 3:0, а Мариано Дијаз во еден дуел непречен од никој, сам себе се издрибла, се совлада, се исповрте и падна, а сакаше само да го оствари оној прв допир со топка. Смешки.

Пронајден авионот во кој исчезна Емилијано Сала

Шефот на истражувачкиот тим кој работи на претрага на потонати бродови, Дејвид Мрнс, соопшти дека на дното од каналот Ла Манш бил пронајден авионот во кој на 21 јануари се изгуби фудбалерот на Кардиф Емилијано Сала и пилотот Дејвид Иботсон.

Пјонтек нема намера да застане

По двата гола против Наполи во Купот, вечерва полскиот репрезентативец Кшиштоф Пјонтек ја „начна“ и Рома. Во 26' минута на мечот на „Олимпико“, на асистенција на Бразилецот Пакета кој зимава дојде во Милан, Пјонтек го даде 14 гол во сезоната.

Црна мачка шеташе на сред терен на мечот Евертон - Вулверхемптон

Саботниот меч Евертон - Вулвехремптон беше прекинат на две минути на средината од вториот дел поради тоа што на „Гудисон Парк“ истрча црна мачка која ги забавуваше гледачите. Мачката го претрча практично цел терен а на крајот редарите некако успеаа да ја пренасочат кон подтрибинскиот простор.

Потеклото на неверојатната ножна техника на Де Хеа

Шпанскиот репрезентативен голман речиси на секој натпревар, кога ќе му се укаже прилика, демонстрира врвна ножна техника - елемент кој го нема секој врвен голман.

Знае ли кај тера овој?

На пријателски футсал натпревар меѓу Хрватска и Казахстан се појавува гледач на трибина кој навива за Србија. Најјак.

I'm sexy and I know it

Појак сум од Роналдињо, Пеле, Марадона, Меси, Роналдо, Зидан. Од сите. Мене Тони Адамс, Сол Кембел, Јеро, Рамос, Малдини и Стам ми имаат влезено во дуел и потоа се каеле цел живот. 

Јапонска работа

Фудбалерите на Јапонија го загубија финалето во Азискиот Куп од Катар со 3:1, ама не заборавија на културата која ја носат од дома. Луѓето задолжени за чистење и одржување на хигиена на стадионот останаа без дневница. Погледнете, една дамка не оставија. 

Во 8 во кревет во 9 на тренинг пред магационерите, диско ни на сон

Иако има само 23 години, Лацио веќе трета година му дава силна доверба на Стракоша на позиција на која царуваа имиња како Маркеџани и Перуци. Има тука тато помогнато по албанска линија преку Таре, ама позицијата ја држи заслужено со квалитет и пред сè со маратонска работа од 8 часа на ден и многу жртви.

Лудачки гол на Катарец против Јапонија во финале

Катарците направија сензација откако стигнаа до финалето на Азискиот Куп на нации, прво историско за нив. А таму попладнево играат против Јапонија и после 45 минути водат 0:2. Првиот гол на Али Алмоез од клубот Ал-Духаил беше неверојатен, а ни вториот на Абдулазиз Хатим не беше ништо послаб: