Англиските медиуми снимија тензични сцени од последниот тренинг на Челси пред финалето против Арсенал во ЛЕ од кои имаме две видеа. На едното се расправаат Гонзало Игуаин и Давид Луиз после една жестока дуел игра.
Аргентинецот упорно се обидува да му објасни нешто на својот колега, а овој потоа се гледа дека е нервозен без желба за тренирање.
На другото темпераментниот Сари си заминува бесен од терен, го фрла капчето на земја, а потоа и го рога.
Ова се тие две ситуации преку фотографии и видеа
Crazy scenes on BT Sport as they show Chelsea training. Higuain got in Luiz's face after a clash. Then Sarri stormed off, throwing his hat to the ground, kicking it and heading down the tunnel. 24 hours before the Europa League final vs Arsenal, Chelsea are in disarray #UELfinal
— Uche Amako (@UcheAmako) May 28, 2019
Челси излезе со соопштение во кое тврди дека Сари не бил нервозен поради неговите играчи, туку заради тоа што не можел да ги одржи последните 15 минути од тренингот без присуство на новинарите.
Која и да е вистината, не им одат во прилог овие нервози бидејќи се работи за последниот тренинг пред вечерашното финале од ЛЕ кое стартува во 21:00 часот.