60 годишниот стратег на штосен начин им се заблагодари на своите играчи и покрај фотката напиша:
„Имиња за Лига на шампиони...Браво дечки, повторно го однесовте Интер во најважното натпреварување на светот. Ви благодарам“.
А колекцијата богами му е доста јака и ако сака уште да ја шири ќе мора да си викне дома столар.
Во средина од плакарот го сместил тимот на Интер, а разбирливо има повеќе играчи и од Рома која ја водеше во два наврати.
Од Римската Волчица може да се забележат Тоти, Де Роси, Пизаро, Мансини, Салах, Флоренци, Жулио Баптиста, Џеко...
Тој не собирал само играчи од италијанското првенство, туку од кај ќе стигне. Има и активни и пензионирани легенди како што се Меси, Ибрахимовиќ, Погба, Нејмар, Кака, Руни, Роналдо, Бекам, Бобан, Кафу, Ривалдо, Ван Нистелрој, Рекоба, Роналдињо, Виери, Игуаин, Малдини, Баџо, Балак, Адриано, Канаваро, Пато, Балотели...
Не знаеме за колку време ја направил богатава колекција, ама до сега имал време тоа да го прави 24 години, бидејќи во неговата тренерска кариера стојат: Емполи (1995–1998), Сампдорија (1998–1999), Венеција (1999–2000), Удинезе (2001), Анкона (2001–2002), Удинезе (2002–2005), Рома (2005–2009), Зенит (2009–2014), Рома (2016–2017), Интер (2017–)