Емотивното збогум кое Де Роси го пренесе на хартија

Среќата која ја имал Даниеле Де Роси да го носи дресот на клубот од своето детство е толку голема, што вели дека никогаш до крај нема да може да се заблагодари. Посакувал само еднаш, но го облекол 616 пати. Ваква посебна поврзаност со клубот и навивачите скоро и да нема повеќе во модерниот фудбал.

Што се смееш?

Среќен сум.

Зошто?

Затоа имам дрес од Рома

Ама да не е чкарт?

Ма не е, ваков чкарт, инаку бројот ми го шиеше вујна ми.

А ако ти кажам дека ќе го носиш повеќе од 600 пати?

Ќе ми биде доволно ако биде и еднаш.

Гледајќи ја оваа фотографија која веќе ја знаете сите, сфаќам колку сум среќен. Тоа е среќа која никогаш не ја земав здраво за готово и за која од што е огромна никогаш до крај нема да можам да се заблагодарам.

Оваа благодарност не сакам да ја оставам да лебди во воздух, бидејќи додека ја објаснувам не ми паѓаат на ум апстракни концепти, туку сеќавања и чувства од лицата и гласовите.

Дозволете ми да им се заблагодарам на сите од Рома кои го сретнав:

Семејството Сенти, претседателот Палота.

Сите жени и мажи кои работеа и работат во Тригориа.

Тренерите кои сите ме научија по нешто, без исклучок.

Медицинскиот тим кој се грижеше за мене. Дамјано без кои сигурно ќе имав помалку настапи со тој дрес.

Моите колеги, најблиските луѓе во мојата работа кои се моето семејство. Секојдневниот живот во соблекувалната на Тригориа ќе биде она кое ќе ми недостасува најмногу.

Бруно, кој виде кај мене нешто посебно и ме однесе во овој фантастичен младински сектор. Тука едно утро во август ги сретнав Симоне и Манчо, кои беа постојано покрај мене и ќе останат цел живот.

Благодарност на Давиде, кој беше исто така тука за мене цел живот.

До Франческо. Капитенската лента која ја носев ја добив од еден брат, голем капитен и најдобар фудбалер кој сум го видел со овој дрес. Немаат сите чест да играат 16 години заедно со својот идол. Му ја предавам лентата на Алесандро. Уште еден брат кој сум сигурен дека е подеднакво достоен за тоа.

До родителите кои ме пораснаа и ми пренесоа вредности кои се секој ден со мене: Не им го прави на другите она што не сакаш тебе да ти го прават и помогни му на оној кој е во невоља.

До Остиа, луѓето од таму и морето каде одам од дете.

До оние кои ме трпеа и поддржуваа во ѕидовите на мојот дом. Без Гаја, Оливија и Ное и пред сè Сара, ќе бев половина човек од тоа што сум денес.

До навивачите, моите навивачи. Ќе си дозволам да кажам мои, затоа што љубовта која ми ја дадовте ми дозволи да продолжам на терен и да бидам дел од вас. Вие сте причината поради која многу пати повторно го одбирав овој град. 616 пати го направив вистинскиот избор.

Пред неколку години доживеавме еден 26 мај по кој мислевме дека нема да можеме повеќе да се смееме. Мислев на тоа сè додека ја видов тетоважата на еден навивач „27 мај 2013, ветрот сепак сè уште дува“. Не знам чија е оваа тетоважа, но знам дека ветрот повторно ќе почне да дува и од овој 27 мај.

Никогаш како во овие денови не сум ја почувствувал вашата љубов. Срцето ми го исполнивте. Никогаш како во овие денови не сум ве видел така обединети за нешто. Сега, најголемиот дар кој можете да ми го дадете е да го оставите гневот на страна и сите обединети да почнете повторно заедно да дишете за да и помогнете на единствената работа која ни е во срцето на сите. Онаа која е пред сè и пред сите. Рома.

Никој нема да ве сака повеќе од мене.

Пријатно

28 мај 2019 - 13:00