Тоа се случи, ама не со голема, туку со огромна среќа за Пандев и другарите, бидејќи Емполи испушти 100% шанси во судиското продолжение.
Џенова и Емполи на крај завршија со по 38 бодови, а Џенова остана прволигаш поради подобриот меѓусебен дуел.
Капитенот на Македонија во Фиренца играше до 84-та минута и потоа беше заменет, а навивач го сликнал како го следи драматичното судиско продолжение во Милано кое траеше 9 минути.
Горан по мечот изјави
„Вакво нешто не сум доживеал во мојата кариера. Овој натпревар како да ни зеде по пет години од животот. Џенова заслужи опстанок, можеби не ваков, но среќни сме. Бевме подобри од Емполи во двомечот, но на крај требаше Интер да ни помогне. Тоа се случи и благодарен сум. Му посакувам добра сезона во Лигата на шампионите“.
Вчера на Истаграм објави три фотографии и напиша: „Тешка сезона. Џенова остана каде што заслужуваш“.