Кога една легенда како Дидие Дрогба ќе рече дека Еден Азар е принцот на Стемфорд Бриџ, тогаш што сакате повеќе. Тоа е признание на едно легендарното име на Челси, за друго легендарно име на Челси.
Брзоногиот Белгиец синоќа растури во Баку и беше играч на финалето со два гола и асистенција. За ваква светска класа на играч овој придонес е рутина. Дава голови, проигрува, дрибла, има осет за асистенција и за преглед на игра. Едноставно е маестрален и како индивидуалец и како тимски играч.
Затоа не треба да не зачудуваат овие факти кои се само потврда плус за тоа што го зборуваме
Плус има и страшно силна самодоверба. Погледне како се појави на стадион пред стартот на финалето.
Hazard even walked into the stadium like he owned the place 😎pic.twitter.com/ZqWGxaSmVV
— Goal (@goal) May 29, 2019
Дрогба збесна по победата од радост и постојано повторуваше: Принцот на Стемфорд Бриџ, принцот на Стемфорд Бриџ...
Азар во Челси:
- 352 настапи, 110 гола, 92 асистенции.
- Премиер лига (2014-15, 2016-17), ФА Куп (2017-18), Лига Куп (2014-15), Лига Европа (2012-13, 2018-19)
По завршување на финалето изјави дека време му е за нов предизвик кој најверојатно ќе се вика Реал Мадрид.