Работата е завршена и официјализирана. Спалети аут, Конте ин. И покрај тоа што две години по ред ги носи во Лига на шампиони, очигледно Интер не е задоволен од работата на нивниот досегаш стратег, па се реши за уште позвучно и појако име. Неговото доаѓање го најавија со специјално изработено видео во кое се појавуваат само Конте и газда Стивен Жанг.