Организирано патување на Пења мадридиста де Македонија во Дортмунд, Германија.
Натпревар: Борусија Дортмунд – Реал Мадрид 2:2
Стадион: Сигнал Идуна парк , Вестфален, Дортмунд
Ждрепката за ЛШ оваа година не нè усреќи со некој клуб близу Македонија, но особено радосни бевме што пак добивме противник во Борусија Дортмунд. Предизвикот беше голем поради традицијата на клубот и нивните беспрекорни навивачи кој секој натпревар го исполнуваат стадионот.
Патувањето беше веднаш организирано по влечење на групите и за неколку дена беше заокружена бројката од 21 билет откупен од Пењата за овој натпревар за нашите членови. Тргнавме од Скопје авионски и слетавме во Дортмунд. Низ градот се движевме со автомобил и јавен превоз. За секој фудбалски натпревар за кој се поседува билет во Германија без разлика од кое наптреварување (ЛШ или домашно првенство ) автоматски е бесплатен јавниот превоз (локален и регионален).
Германците се мирен народ кој скоро никогаш не предизвикува инциденти на фудбалските натпревари а најмалку од оние во ЛШ. На овој наптревар немаше посебен режим на спроведување на гостинските навивачи. А Германија е земја меѓу ретките во кои гостинските навивачи не остануваат на гостинската трибина час или повеќе по натпреварот за останатиот дел од стадионот да се испразни и разотиде. Во истиот момент по завршување на мечот како и при влез така и при излез слободно се движиме заедно со навивачите на Борусија. Ист случај беше и при нашето гостување во Гелзенкирхен пред две години против Шалке.
Атмосферата од гостинскиот сектор на „Вестфален“ каде македонската Пења го стави и своето знаме:
Респектот на Германицте спрема фудбалот е голем а со тоа и кон противничката екипа и навивачи. Навивањето на легендарниот поранашен Вестфален стадион е прекрасно и незаборавно и го оправда она што сите верни љубители на фудбалот го говорат за атмосферата на тој стадион. Навивачи на Реал Мадрид имаше од многу пењи од земјите низ Европа. Освен Шпанците , беа присутни мадридисти и од Белгија, Словенија, Германија , Хрватска...
Натпреварот беше одличен, со голови и убава игра. На крајот не успеавме да се радуваме но импресиите се вкупно беа неверојатни. За нас како организација ни беше важен впечатокот на членовите на пењата кои патуваа особено оние на кои им беше прв пат. Сите беа презадоволни од комплетната органзиација и течење на целото патување и престој и подобро од што очекувале. Следна сериозна организација е на гостување од Ла Лига на гости на Камп Ноу против Барселона на почетокот на декември. Сите кои се заинтересирани можат да ја посетат нашата Фејсбук страна и да се здобијат со информации за организацијата која сè уште е во тек.