Фан клубовите на Ливерпул и Реал Мадрид од земјава имаат стотици членови кои неуморно ги бодрат своите тимови секаде низ Европа. Така беше и во Киев каде се развеа нашето знаме.
Нема да има навивач на Реал и Јуве кој ќе го заборави ова четвртфинале, едно од најдраматичните во историјата на ЛШ. На овие првиве им се посреќи во 97-ма, а нашите од македонскиот фан клуб кои отпатуваа во Мадрид останаа да слават на стадион уште едно полувреме.
Едни од најсреќните луѓе од земјава поради Супер Купот се навивачите на Реал Мадрид. Го гледаа и бодреа во Париз, Минхен, Дортмунд, Неапол, Барселона, Милано, Торино и каде уште не, но сега имаат посебна задача: да се покажат како прави домаќини.
За време на Ел Класико на Бернабеу секогаш имало навивачи на Барса по сите сектори, а ние ги приметуваме кога режијата ќе ги улови со дрес или шал. Овојпат беа многу повеќе и тоа по места резервирани за сезонци на Реал со сезонски билет кои решиле да заработат.
Од преку сто фан клуба во светот, една од најверните бази Реал ја има во земјава. Овдешните поддржувачи на „Кралскиот клуб“ не пропуштаат прилика организирано да патуваат секаде каде што играат Роналдо, Рамос и другарите. На кратко ни раскажаа како поминале во Дортмунд.
Фан клубот на Реал Мадрид од земјава не пропушти прилика да го следи полуфиналниот меч од ЛШ меѓу Реал и Манчестер Сити, средба на која македонското знаме се гледаше од секој агол на стадионот, па и во телевизискиот пренос. Најавуваат дека ќе се појави и на Сан Сиро.
Навивачите на Меренгес од Македонија успешно ја заокружија богатата 2015 година во која ги бодреа Кралевите ширум Европа. Ни раскажаа за контактот со уредникот на реномираниот АС и зошто настанал проблем со поставувањето на македонското знаме на трибините каде се наоѓа групата Ултра Сур.