Терористички напад на фан клуб на Реал во Ирак, има жртви

Група наоружани терористи влегле во фан клубот на Реал Мадрид во Ирак и убиле 16, а повредиле 20 лица, некои од нив посериозно.

Утрово, во градот Самара 125 километри северно од главниот град Багдад, теористи наоружани со АК-47 (Калашникови) го нападнаа седиштето на навивачи на Реал Мадрид.
 
Во моментот на нападот во седиштето имало околу 50 навивачи на Реал Мадрид, а таму се собирале на кафе и да гледаат стари натпревари на „Кралскиот клуб“ кога немало фудбал во живо.
 Шпанскиот АС стапил во контакт со претседателот на фан клубот на Реал Мадрид од Самара, Зиад Субхан кој им рекол: „Група исламски терористи од ИСИС влегоа во кафулето, наоружани со Калашникови и пукаа по случаен избор во секој што беше внатре“.
 Прашан за мотивите на нападот, претседателот на здружението рекол: „Тие не сакаат фудбал, мислат дека тоа е анти-Муслиманско. Се грижат само за напади како овој. Ова е ужасна, страшна трагедија“.
 
Реал Мадрид е меѓу најсаканите европски клубови на Блискиот Истиок, а фан клубови Кралскиот клуб има речиси во секој град во Ирак и Иран.