Европскиот шампион уште еднаш на дело ја покажа својата величина откако предводен од потпретседателот на клубот и десната рака на Флорентино Перез, Едуардо Фернандез де Блас и легендарниот Роберто Карлос го уприличија коктелот организиран од Пења Мадридиста Македонија.
Едни од најсреќните луѓе од земјава поради Супер Купот се навивачите на Реал Мадрид. Го гледаа и бодреа во Париз, Минхен, Дортмунд, Неапол, Барселона, Милано, Торино и каде уште не, но сега имаат посебна задача: да се покажат како прави домаќини.
Во преносите од Лигата на шампионите често некој од нас знае да викне: ’Еј македонско знаме, виде ли’? А македонското сонце го веат дечки, од разни градови, на различна возраст, секој во својот свет, но единствени во љубовта кон Кралскиот клуб.
Еден од најорганизираните фан клубови во земјава е Пења Мадридиста де Македонија, група навивачи на Реал кои не пропуштаат прилика да оставват грло и дланки во поддршка на „Кралскиот“ клуб каде и да игра. Така беше и на „Ел Класико“ во Каталонија.
Од преку сто фан клуба во светот, една од најверните бази Реал ја има во земјава. Овдешните поддржувачи на „Кралскиот клуб“ не пропуштаат прилика организирано да патуваат секаде каде што играат Роналдо, Рамос и другарите. На кратко ни раскажаа како поминале во Дортмунд.