Организирано патување на Пења мадридиста де Македонија на “Ел класико” во Барселона
Натпревар: Барселона- Реал Мадрид 1:1
Стадион: Камп Ноу, Барселона
„Самата помисла да се присуствува на “Ел класико” предизвикува морници кај секој вистински љубител на фудбалската игра, а чувството да се биде таму, е веќе во категоријата на неописливи доживувања. Подготовките за годинешново “Ел класико” почнаа неколку месеци порано, со тоа што сите заинтересирани финансиската рамка да ја обезбедуваа на неколку дела. Пристигнавме на аеродромот Ел Прат во Барселона на три дена пред натпреварот. Во петокот добивме официјална покана за присуство на коктел дружење и потпишување на дресови и фотографии на Кејлор Навас и Касемиро во Хотелот Реј Хуан Карлос 1. Радоста беше огромна бидејќи сите 8 члена на пењата кои патуваа добија покана за присуство на овој настан и секој дојде на ред и си доби потпишана слика, дрес, маица од двајцата фудбалери на Реал.
Добивме и уште една покана за следниот ден, сабота наутро, на денот на натпреварот, да присуствуваме на обраќање на претседателот Флорентино Перез пред пењистите во Хотел Хилтон. Околу 300 претставници и членови на каталонските и интернационалните пењи имаа можност за дружење и запознавање меѓусебно на коктелот потоа, по што следеше органзирано фотографирање како со Флорентино така и со легендата на клубот Емилио Бутрагењо. На овие две средби остваривме важни контакти со луѓе на високи оперативни позиции во клубот и воедно добивме пофалба за активноста и работењето на нашата пења.
Саботата на денот на натпреварот, пред Камп Ноу пристигнавме со обележјата на Реал Мадрид и немавме никакви проблеми, бидејќи организиацијата на овој настан е на највисоко ниво, а за потенцирање е културата на најголемиот дел од фудбалските навивачи во Шпанија . При влез од стадион се влегуваше со патна исправа која мораше да одговара на персонализираниот билет. Не изостана претресот а полицијата користеше и кучиња за детален преглед на навивачите. Се сместивме во гостинскит сектор во очекување на натпреварот. Бодовната разлика од 6 бода на Реал пред Барса носеше добро расположение.
“Ел класико” е шах партија без калкулирање. Тензијата од пред телевизорот е поинаква од онаа на самото место. Секое залагање,слабост и интензитет на сите фудбалери е лесно воочливо. Секоја најмала грешка значи опасност за гол. Има натпревари и натпревари но “Ел класико” во живо е фудбал во друга димензија. Натпреварот сите знаеме како заврши а за мадридистите беше како победа. Не поради разликата од 6 бода, не поради голот во 90та минута, туку голот на Серхио Рамос во 90. минута.
Прославата на голот на Рамос од гостинскиот сектор каде се вееше и македонско знаме:
Шпанска МАРКА потоа го извади терминот – Деведесет и Рамос минута. Сите кои патуваа беа презадоволни од она што го искусија во Барселона со надеж за следен натпревар. Пењата продолжува и понатаму со засилено темпо, да го бодриме клубот обединувајќи го мадридизмот од Македонија со интернационалниот во секоја следна прилика и патување.“