Кошарка

Дебакл на Мајами во едно полувреме

Кошаркарите на Сан Антонио Спарс одиграа меч за паметење во третата финална пресметка од НБА плејофот и го прегазија актуелниот шампион со 71 поен кои успеаа да ги постигнат и тоа само во првиот дел.

Средношколецот кој е печен за НБА

Има само 17 години, висок е 188см и прави потези кои не им успеваат ниту на големите мајстори во НБА лигата. Кве Паркер е идната кошаркарска ѕвезда и потенцијалниот победник во натпреварот по забивања на Ол стар викендот.

Политичка кошаркарска војна во Либан

Утрото ни почна со краток осврт од финалната серија во НБА лигата помеѓу Мајами и Сан Антонио на која доминираше Леброн Џејмс. Од таму се селиме на едно друго финале во кое нема да ви пренесеме ниту еден збор за кошарка, затоа што се играше во Бејрут.

Мајами го возврати ударот

Идентично како во минатогодишната финална серија кошаркарите на Мајами Хит израмнија на 1:1 во вториот меч против Спарси. Творец на победата беше „Кралот Џејмс“ кој го реши мечот во последната четвртина.

Спарси поведоа во големото финале

Започна големото финале на НБА плејофот и тоа со победа на Сан Антонио Спарс. Првиот натпревар од финалната серија го одбележа големата топлина, повредата на Леброн Џејмс и серијата на Спарси во последниот период.

МЗТ Скопје оствари шампионски хет-трик

Владетелот во македонската кошарка во последните години, ја доби меч топката против Работнички и со третиот триумф во финалната серија, успеа да ја одбрани шампионската титула во домашното првенство, вкупно трета во нивната историја.

МЗТ на чекор до титула

Кошаркарите на МЗТ Скопје бргу се созедоа од шокот по поразот на вториот и го декласираа Работнички со што поведоа со 2:1 и се најдоа на една победа до трета шампионска титула во серија.

Стив Балмер го купува ЛА Клиперс

Поранешниот прв човек на Мајкрософт, Стив Балмер ја доставил најдобрата понуда за купување на НБА тимот ЛА Клиперс откако досегашниот сопственик Доналд Стерлинг беше принуден да го продаде клубот заради расистичките испади.

Работнички го возврати ударот во финалето

Во доста подраматичен и неизвесен меч, кошаркарите на Работнички успеаа да го совладаат тимот на МЗТ Скопје и да израмнат на 1:1, со што ја направија понеизвесна и поинтересна финалната серија од македонското кошаркарско првенство.

МЗТ триумфално ја отвори финалната серија

Првата пресметка од плејофот помеѓу големите градски ривали во салата „Борис Трајковски" им припадна на кошаркарите на МЗТ Скопје кои славеа убедливо против тимот на Работнички и поведоа со 1:0.

Антиќ: Да не си луд?

Иако замина на 31 година, имаше одлична деби сезона во најсилната кошаркарска лига во светот и на 50 натпревари оствари просечен учинок од 7 поени, 4,2 скокови и 1,2 асистенции по натпревар. Ова се впечатоците на првиот Македонец во НБА.

Макаби по шести пат шампион на Европа

Кошаркарите на Макаби Тел Авив уште еднаш ја изненадија кошаркарска Европа со победата над Реал Мадрид и триумфот на фајнал-фор турнирот на Евролигата.

Европа добива нов кошаркарски владетел

Реал Мадрид, Барселона, Макаби Тел Авив или ЦСКА Москва? Кој ќе го наследи Олимпијакос на европскиот кошаркарскиот трон? Одговорот на ова прашање ќе го добиеме викендов по одигрувањето на фајнал-фор турнирот во Евролигата.

Оклахома и Индијана во конференциските финалиња

Познати се сите финалисти во двете конференции на НБА Лигата. На западот ќе играат Сан Антонио против Оклахома, а на истокот Индијана против шампионот Мајами.

Епското забивање на Евролигата

По примерот на популарните вирални видеа со забивања во базен и кошаркарската Евролига со помош на Шон Џејмс, Кајл Хајнс, Робин Бензинг и Серхио Родригез сними реклама во пресрет на фајнал-фор турнирот во Милано.

Крај на дебитантската НБА сезона за Перо Антиќ

Кошаркарите на Атланта Хокс го загубија седмиот решавачки натпревар против Индијана Пејсерс и се елиминирани од плејофот на НБА лигата.

Најсмешното од НБА

НБА лига е повеќе од обична кошаркарска лига. Тоа е забава за целото семејство, а многу често е забава во вистинска смисла на зборот. Ова се најсмешните ситуации од регуларниот дел на сезоната.

Атланта и Индијана ќе решаваат со мајсторка

Кошаркарите на Атланта Хокс загубија од Индијана и не ја искористија шансата на домашен терен да си обезбедат пласман во следната плејоф рунда.

Како Кевин Гарнет стана најплатен во историјата на НБА

Ветеранот на Бруклин Нетс не бил никогаш сметан за еден од најдобрите кошаркари на сите времиња. Тој еднаш ја почувствува шампионската титула со Бостон, а кога ќе прочитате како му се полнела сметката во кариерата ќе сакате да ве посвои.

Атланта и Антиќ на чекор до втората рунда

Кошаркарите на Атланта Хокс успеаа да слават уште една победа на теренот на Индијана Пејсерс и поведоа со 3:2 во плејоф серијата на НБА лигата.

Тивкиот протест на Клиперси

Кошаркарите на ЛА Клиперс го искажаа својот протест кон сопственикот на клубот, Доналд Стерлинг заради неговите расистички изјави со соблекување на нивните тренерки и се загреваа со маички без логото на тимот.

Цибона владее со регионалната кошарка

Во хрватското финале на АБА лигата во Белград, екипата на Цибона ја победи Цедевита и ја освои својата прва титула од регионалната лига.

Антиќ промаши тројка за продолжение

Кошаркарите на Атланта пропуштија шанса да се најдат на чекор до пласман во втората плејоф рунда откако по неизвесна завршница го загубија четвртиот натпревар.

Атланта поведе против Индијана

Кошаркарите на Атланта Хокс ја совладаа Индијана на првиот натпревар на домашен терен и поведоа со 2:1 во плејоф серијата на НБА плејофот.