По двете титули на Перо Антиќ со Олимпијакос, пехарот од кошаркарската Евролига викендов ќе добие нов газда. Градот на модата, Милано ќе биде домаќин на завршниот турнир од најквалитетното клупско натпреварување на континентот каде пласман изборија Реал Мадрид, Барселона, ЦСКА Москва и Макаби Тел Авив.
Фајнал-фор турнирот започнува денес во 18 часот со натпреварот меѓу ЦСКА и Макаби, а во 21 часот е закажан „Ел Класико" дуелот меѓу Барселона и Реал Мадрид.
Според кладилниците, најголем фаворит е екипата на Реал Мадрид со коефициент 2,15. Зад нив се Барселона со 3 и ЦСКА Москва со 4, а најголем аутсајдер е Макаби Тел Авив со коефициент 9.