Кошаркарите на Сан Антонио Спарс успеаа да се справат и со Мајами Хит и со топлината на паркетот затоа што откажаа клима уредите во салата, па температурата достигна и до 32 степени.
Во поголемиот дел од натпреварот двете екипи се менуваа во водство кое не беше поголемо од 6-7 поени, но дуелот беше одличен во последната четвртина.
Спарси во последниот период направија серија од 31:9, но на одлуката за победникот влијаеше и повредата на Леброн Џејмс кој на пет минути до крајот мораше да го напушти теренот заради грчеви.
Во тој момент Спарси ја презедоа контролата и на крајот триумфираа со 110:95.
Најефикасен беше Џејмс со 25 поени и 6 скока, а во победничкиот тим се истакна Тим Данкан со 21 поен и 10 скокови.
Следниот натпревар се игра повторно во Тексас, ноќта меѓу недела и понеделник во 2 часот по наше време.