По израмнетата игра во второто полувреме, кошаркарите на Атланта го наострија шутот во вториот дел кога постигнаа 59 поени и стекнаа солидна предност, а на крајот славеа со 98:85.
Џеф Тиг експлодираше во второто полувреме со 15 поени и 5 асистенции од вкупно 22 поени и 10 асистенции со кои ја предводеше Атланта до втората победа над Индијана.
Одлични беа и Кајл Корвер со 20 поени и Пол Милсеп со 14 поени и 14 скока.
Перо Антиќ повторно беше во стартната петорка, но одигра под нивото. За 23 минути имаше учинок од само 1 поен (1/2 за 1п, 0/1 за 2п и 0/4 за 3п) и 3 скока.
Четвртиот натпревар од плејоф серијата се игра во сабота во 20 часот по македонско време на теренот на Атланта.