Со победата од 98:104 на Оклахома на гостувањето кај ЛА Клиперс, екипата на Сити Тандер со вкупни 4:2 ги елиминираше Клиперси и се пласираше во финалето на западната конференција.
Таму веќе беше пласирана екипата на Сан Антонио Спарс која со 4:1 го победи Портланд во конференциското полуфинале.
Ова ќе биде четврти пат како овие две екипи се среќаваат во плејофот, а оваа сезона во регуларниот дел од сезоната Оклахома четири пати го совлада Сан Антонио.
И Индијана Пејсерс со победа на гостински терен кај Вашингтон од 80:93 и вкупни 4:2 во конференциското полуфинале, се избори за финале на истокот против актуелниот шампион Мајами кој со 4:1 ја елиминираше екипата на Бруклин Нетс.
Мајами и Индијана се сретнаа во конференциското финале и минатата година и Мајами славеше со 4:3. Во регуларниот дел од сезоната двете екипи победија по два пати.