Како Грег Поповиќ станал тренер?

„За разлика од другите тренери, Поп навистина сака да знае како сте, како живеете. Ја разоткрива вашата личност и точно знае што можете а што не“, раскажува за првите тренерски денови на Грег Поповиќ еден од тогашните студенти на колеџот Помон.

Во зимата 1980-та, човекот кој стана најголем тренер во историјата на НБА, стоел и горко размислувал во салата на колеџот од Третата лига. Грег Поповиќ имал 30 години кога бил ангажиран како тренер на кошаркарската програма на факултетите Помон и Питцер. Два мали факултети во Јужна Калифорнија. Толку мали што имале една сала за двете екипи.
 
Во кошаркарскиот тим на Помона и Питцер немало талентирани, брзи, прецизни и силни играчи. Тие биле идни правници и академици кој повеќе го љубеле методот Сократ од било кој друг тренинг. Тимот бил толку мал што често на тренинзите немале доволно играчи за пет на пет.
 
Поповиќ морал да ги прилагодува тренинзите на четири на четири и тогаш им обрнал внимание на фактот дека имаат дополнителен простор за правилно движење.
 
Младиот тренер дошол со прилично невообичаени идеи. На мечот против Редландс Универзитетот, одлучил неговите момци да имаат повеќе простор на средината од теренот. По наредба на својот командант, играчите на Помон и Питцер оставале по еден играч на центарот и со тоа не само што се осигурале во случај да ја загубат топката, туку и имале човек повеќе во транзицијата.
„Вадеше трикови како зајак од шешир. Непрестано имаше мали трикови за нè направи подобри“, вели Питер Осгуд еден од првите играчи под водство на легендарниот тренер.

Сепак, стартот не бил добар, тимот претрпел неколку порази и Грег Поповиќ имал бледа сезона зад себе. Младиот стратег уште не ни сонувал за самиот врв во НБА хиерархијата, туку само сакал да не заврши последен во Третата дивизија.
 
Повеќето од нив станале успешни професори, уметници, трговци и јавни личности. Некои од нив изгубиле контакт со Грег, и децении подоцна се борат да пронајдат одговор колку голем бил Грег Поповиќ кој во Јужна Калифорнија дошол од Колорадо. „Па, тој беше, добар тренер", кратко прозборел Курт Хербст, со таков тон како да се плаши дека утре би можел да излезе во медиумите. А Грег никогаш не ги сакаше медиумите.
 

Зборуваме за човекот кој освои 5 титули во НБА во последните 16 години на чело на еден ист тим. Човек кој доминира во лигата и не се обидува неговите играчи да се прилагодат на трендовите на модерната кошарка, туку им овозможува на момците да ги формираат тие трендови.

Меѓутоа приказните за неговите рани години како кошаркарски тренер не се баш за дивеење. Човек кој чудно се облекувал, сакал да пие добро вино, а на тајм-аутите го имитирал големиот Боби Најт.

„Во составот имавме пет играчи преку сила кој можеа да играат каква таква кошарка. Останатите беа уште полоши. И покрај напорните тренинзи, првата сезона ја завршивме со учинок од 2 победи и 22 порази. Успеавме да загубиме дури и од Технолошкиот Институт на Калифорнија кој имаше 99% порази", се сеќава Осгуд.

Кошаркарот меѓутоа ја разоткрива природата на Поповиќ.

„И покрај трајното уништување со поразите, пред неговото доаѓање игравме и едноставно си одевме дома. Никој не беше огорчен, ниту присилен да работи на себе. Поразот го сфаќавме како пораз. Меѓутоа Грег смени сè".

Грег почнал да праќа писма. Секое училиште во западниот дел на САД добило писмо со објаснување кој е тој и што сака: Момците кои сакаат да играат кошарка и се заинтересирани за академските можности на Помон и Питцер нека се јават.

Поповиќ направил список на момци кои му ги препорачувале некои непознати тренери на третокласните школи од градовите во внатрешноста. Со текот на времето, Поповиќ чекор по чекор го крател списокот и ги одбирал само оние кои се навистина добри.

„Тоа беше бескраен процес на телефонирање. Греб беше опседнат со тоа, а редоследот му беше многу важен. Процесот беше страшно заморен, но тоа ни беше единствена шанса да се подобриме", раскажува Осгуд.

Неговите писма биле прави уметнички дела, внимателно обоени со плаво мастило. Една неделна вечер ги викнал кандидатите и ги прашувал за нивниот напредок во школо и за нивните семејства. Како тренер не можел да им гарантира спортска стипендија, но можел да го пофали кампусот и одличниот наставен кадар.

Веќе во втората полусезона, колеџот остварил 10 победи, а следната сезона Поповиќ оформил тим којшто ја достигнал целта од 50% победи а подоцна и до шампион.

Така ја почнал својата тренерска кариера која го однесе до тоа ЛаМаркус Олдриџ само поради него да дојде во Спарс, да ужива во француските вина на Борис Диао, да збори за австралиската историја со Пети Мајлс, да го разоткрива каменото лице на Тим Данкан и да освои пет прстени во најдобрата светска кошаркарска лига.

„Во разговор со него имате чувство како навистина да се интересира за вашата личност. За разлика од другите тренери, тој навистина сакаше да знае за вашиот живот", констатира Осгуд.