Јокиќ после мечот на еден новинар му рекол:
„Кога губиш со 20 поени разлика, проработува гордост... Не сакаш да доживееш дебакл, посебно не пред домашна публика. Имаме еден збор на српски јазик, многу е тешко да се преведе - „ИНАТ“. Навистина би сакал да можам да ви го преведам но мислам дека не постои превод. Да, тоа беше инат...“, рекол Јокиќ.
Интересно, Јокиќ бил изненаден на едно прашање на новинарот кој го прашал: „По синоќешната галама на интернет, луѓето ги интересира кој е омилениот диносаурус на Никола Јокиќ“? Тоа се однесувало на семејната прошетка на Србинот на една изложба на диносауруси во Денвер. „Луѓе од каде знаете за тоа?!“, се шокирал Јокиќ. „Па имаше насекаде за тоа“, му враќа новинарот.
„Убаво... Искрено заборавив како се вика кој било од диносаурусите. Тешко е да се изговорат. Ми се допадна оној големиот што јаде трева. Баш е голем!“, рекол српскиот репрезентативец кој на листата играчи со најмногу трипл-дабл учиноци сезонава со 21 е зад Литванецот Домантас Сабонис кој е прв со 22.