Јокиќ има финта со врзување врвки

Навивачите во САД забележале еден интересен детал. Приметиле дека Никола Јокиќ веќе неколку пати кога има некоја спорна судиска одлука, пред да продолжи играта застанува да ги врзе врвките и со тоа им дава време на тренерот и клупата на големиот екран горе да видат дали да бараат прегледување на снимка. Неколку пати му успеало и прашање е дали овој тренд ќе се рашири во НБА па лигата да мора да реагира.

На мечот со Торонто Репторс на кој Јокиќ одигра фантастично со 35 поени, дури 17 скока и 12 асистенции, во еден момент кошаркарот на гостите Ар-Џеј Берет тргнал во продор а Јокиќ му ја избил топката.

Судиите донеле одлука дека е аут за Торонто но Јокиќ знаел дека не е и застанал да ги врзува врвките со цел да им купи време на своите да побараат челенџ.

Ова прво го направи во дербито со Бостон Селтикс кога Денвер победи со трипл-дабл на Јокиќ:

Јокиќ за зборот кој не се преведува на англиски

13 март 2024 - 09:21