Кошаркарот од стара приколка кој постигна 83 поени, го урна рекордот на Коби и стана легенда?

Можеби никогаш претходно вака значаен настан не бил следен со така очигледен скептицизам. Центарот на Мајами, Бам Адебајо, ценет поради својата посветеност и игра во одбраната, никогаш просечно не постигнал повеќе од 21 поен во своите 9 сезони во НБА. Сега на еден натпревар даде 83 поени и го шокираше светот на кошарката.

Најинтересен момент по сензационалниот рекорд на Бам Адебајо не беше видео со неговите поени, туку реакцијата на тренерот на Хјустон Рокетс Име Удока:

„Прво што ми падна на памет кога дознав беше - како?! Не мислам туку на самиот Бам туку на неговиот стил на игра. Тогаш видов дека погодил само шест тројки и имал 40 слободни фрлања (поточно 43)... Тоа зборува за многу нешта. И за Вашингтон Визардс“.

И ова не е некаков шепот на завист туку рефрен на поголемиот дел од лигата и кошаркарската заедница. На интернет се ширеше монтирана фотографија од Бам Адебајо со натпис „43 слободни фрлања“ иако на оригиналот Адебајо се сликаше со лист со натпис 83 како алузија на листот кој во рака го држел легендарниот Вилт Чембрлен со напишан број „100“.

Гилберт Аренас отиде до таму што кажа дека навивачите на Коби Брајант сега ќе го тормозат Адебајо до крајот на времето за тоа што урна еден од најважните рекорди на Коби во кариерата - 81 поен на еден натпревар.

Поранешниот соиграч на Брајант, Брајан Шоу потсети на 60 поени на Коби Брајант кој ги собра за три четвртини на дуел против Далас кога Фил Џексон му предложил да се врати на терен и да го зголеми рекордот но тој одговорил: 'Не, ќе го направам тоа кога на екипата навистина ќе и треба'.

Тука не мора да се биде остар познавач на човековата природа за да би сфатиле дека Шоу нагласува како рекордот на Адебајо бил коцкање, а за Коби Брајант рекордните поени во големи размери биле природна биолошка состојба.

Биографијата на Адебајо пак сугерира дека тој баш никогаш немал намера за ваков подвиг и дека го интересирале сосема други работи.

ДОЛГО ВРЕМЕ НЕ САКАЛ ДА БИДЕ АДЕБАЈО

Правото име на новиот рекордер после Чембрлен кој е втор на вечната листа со најмногу поени на еден натпревар е Елдрис Феми Адебајо.

Бам му е прекар даден од мајка му Емили Блаунт. Повод за тоа бил случајот кога нејзиниот син на 1 година додека гледал епизода од „Флинстоунс“ превртел масичка дома баш како што тоа го прави еден од популарните цртани ликови Бам-Бам Рабл, посвоениот син на Бети и Барни Рабл, најдобрите семејни пријатели на Флинстонс.

Прекарот му останал на Адебајо уште од 1 година и на крај дури и го заменил неговото право име, иако и самиот рекол дека еднаш сакал да го смени презимето. Презимето му е од татко му Џон Адебајо, Нигериец од племето Јоруба кој го оставил семејството кога Бам бил баш малечок.

„Во младоста не сакав да го носам тоа презиме, си мислев: 'Него го нема цел мој жвиот. Што ќе ми е па негово презиме'? Кога ќе погледнам назад, сфаќам дека тоа беше плитко и лекомислено. На 16 години почнав да се интересирам да дознаам повеќе за своите нигериски корени. Во еден момент помислив: 'Мајката, јас имам прекрасно презиме. Убаво звучи. Одлично се сложува со Бам'. Се заедно тоа е среќно име кое лесно се изговара. Дознав дека моето презиме значи: „роден во среќно време“. Самото размислување за тоа нешто ми значи.

Чувствувам дека одговара на мојата личност и на тоа кој сум. Затоа сум среќен што на време се вразумив и сега со гордост го носам своето презиме“, раскажал еднаш Бам Адебајо, центарот на Мајами Хит кој даде 83 поени и урна голем рекорд на Коби Брајант.

Додека ги истражувал своите корени, на Бам Адебајо многу му се допаднало фуфу, позната африканска и карипска храна. Во 2019-та Адебајо сакал да патува по Нигерија но пандемијата го спречила во тоа. Но затоа ја најде Нигерија во Мајами: во женскиот тим играше Прешес Ачиува, Виктор Оладипо, Кеи Зи Окпала, Андре Игудала, Гејб Винсент и самиот Адебајо.

И покрај интересот за татковата земја и поканите од Нигерија, тој се решил да игра за репрезентацијата на САД со која го освои златото на Олимписки Игри и се надева ќе игра на Олимпијадата во Лос Анџелес.

ГЛАВЕН МОТИВАТОР НА БАМ АДЕБАЈО БИЛА СТАРАТА ПРИКОЛКА ВО КОЈА ЖИВЕЕЛЕ

Емили Блаунт сама го раснела малиот Бам и не и било лесно. Таа станувала секое утро во 5 за да му спреми доручек додека тој спиел, а после тој одел во училиште а Емили одела пешки до месарницата „Ејкр Стејшн“ каде работела како касиерка и заработувала околу 12.000 долари годишно. Кога нејзиниот син се враќал од тренинг на кошарка, таа веќе спиела. Не возела зошто немала доволно пари за кола па малиот Бам најчесто до тренинг и дома назад го возеле тренери и татковци на другите деца.

Морала да пази и да не забега во незгодни краеви.

„Тогаш не ги сфаќав сите жртви кои таа ги поднесуваше поради мене. Си мислев: 'Мама работи како и сите возрасни'. Но како старееш гледаш и нешто друго. Видов како мајка ми се бори да преживееме. Се враќаше дома преморена. До ништо не и беше. Како растев, почнав да размислувам: 'Таа не го заслужува ова. Ќе направам се што можам да ја извлечам мајка ми од приколката во која живеевме', се сеќава Адебајо на своето скромно детство.

На Универзитетот Кентаки каде Адебајо играл, еднаш ставил фотографија од приколката во која живеел на својот телефон а кога потпишал богат милионски договор со Мајами Хит, ја закачил сликата од својата стара приколка во која живеел со мајка му, ја напишал адресата на својот дом и на патиките кои ги носел во тоа време.

Интересно, дури и сега како професионален играч и суперѕвезда, Адебајо ја чува платната листа на неговата мајка заработена на месната фарма како потсетник на тоа каде почнале и на борбата која морале да ја поминат за да постигнат голем успех.

„Порано мразев што бевме во таа проклета приколка, но сега сфаќам дека тоа се беше дел од Божјиот план, моравме да ги издржиме сите потешкотии за да се тргнеме од дното. Сигурен сум да не беше таа приколка, немаше да бидам таму каде што сум денес. Би бил сосема друга личност да не беше таа крнтија“, вели Адебајо кој има милионски договор со Мајами Хит.

НА УНИВЕРЗИТЕТ НЕ МУ ДАВАЛЕ ДА ШУТИРА ТРОЈКИ, А ВО МАЈАМИ ДОШОЛ БЛАГОДАРЕНИЕ НА ДВАЈТ ХАУАРД

Главниот тренер на „Кентаки Универзитет“ Џон Калипари бил чесен и искрен со Адебајо. Веднаш му рекол дека мора да заборави на старите навики од старата школа.

„Џон ништо не му дозволувал: ни да шутира од рекет, ни од далечина. Не смеел ни топка да води“, се смеел Пит Рајли кога се сетил на Адебајо.

Правење блок, скокови и движење напред без топка - тоа бил краткиот список на одговорности за Адебајо. После тренинг навечер тој усовршувал вештини со тренерот Кени Пејн.

Но во Мајами Хит имало скепса за него. Не биле сите баш за Адебајо.

„Постоеа сомнежи дали навистина може да придонесе во нападот. Или ќе остане само играч за една половина на терен“, рекол советникот за кошаркарски операции во Мајами.

Последната проба пред драфтот Адебајо ја имал во Шарлот и оставил добар впечаток.

„Мислам дека добро се покажав. Ми се допадна идејата да играм близу домот, во Северна Каролина каде што израснав, близу мајка ми. Сакав да играм за Шарлот“, рекол Бам.

Две ноќи пред драфтот Адебајо лежел во кревет во хотелот Гранд Хајат во центарот на Менхетен кога влетал неговиот агент Алекс Сарацис: 'Излета и викна Шарлот те трејдаше за Двајт Хауард! Заборави на Хорнетс, тие не те бираат на драфт'.

Не би рекол дека беше шок но ја изгубив и последната трага на разбирање во кој тим би можел да завршам на крај“.

На крај Бам беше избран како 14. пик на драфтот од Мајами Хит. Интересно набрзо стана човек чија игра и однос се синоним за оваа франшиза.

Секој НБА кошаркар ќе ви признае: секој почетник го доживеал тој момент кога сфатил дека влегол во машка лига, каде сите се големи, каде момците не играат само за да играат, туку гинат за да останат, да добијат поголема плата, да ги издржуваат своите семејства, да живеат... И Бам Адебајо не е исклучок.

„Ох се сеќавам ко вчера да беше. Арон Бејнс 'ми ја зема невиноста'. Одев на офанзивен скок мислејќи дека знам што е тоа физички дуел, не сметајќи на милоста на судиите и се тоа. Си реков: 'Добро, ова ќе биде баш тешко но знам како и ја сакам оваа игра'.

А потоа Арон Бејнс излезе пред мене голем, зазема таква позиција со која со лактот ме удри скоро во гради. Тоа ме затекна неспремен и си помислив: 'Добро, сега секој пат кога ќе се борам за офанзивен скок ќе морам да бидам свесен што се случува околу мене'. Како новајлија си мислите: 'Ах, само ќе треба да трчам и да зграбам скок'. Но не. Бејнс веќе беше во лигата веројатно четири години до тогаш. Ја имаше таа огнено црвена брада. Играше за Селтикс и изгледаше како гризли од два метри. Многу јак играч, многу јака личност. Мило ми е што некој како него прв ми даде да почуствувам што е правата НБА“.

„Сега можам да кажам дека Бам е најсилниот и најжестокиот играч кој некогаш сум го виделл во Мајами но кога стигна некои од неговите изјави беа тешко да се сфатат сериозно. На пример викаше: 'Знаете, сакам да ги престигнам сите тимски рекорди од вежбањето во теретана'. Се сеќавам дека се погледнавме со момците од стручниот штаб и прснавме од смеење. И не затоа што сакавме да го понижиме. Едноставно не можевме да се воздржиме.

Ќе го објаснам тоа поедноставно. Само за да сфатите, во Хит нема теретана, туку само простор со справи за тренинг и физички развој. Овој простор се вика „Зона Зо“. Сфаќате на што мислам? Името го доби по Алонзо Морнинг кој ги држи практично сите клупски рекорди.

Кога ќе го погледнете бројот на повторувања на кревање тегови, бучици и други тегови, изгледа како хроника на подвизи на старогрчки херои. Неверојатно е! А Бам доаѓа и вика: 'Сакам да му ги урнам рекордите“. Му рековме дека ќе му треба пет до седум години само да му се приближи до бројките.

И така тој работи од година во година, се подобри во некои вежби повеќе отколку во другите. Но знаете што е најважно? Не се откажува од идејата која многу не ја сфаќаат ни сериозно и ја сматраат за сулуда. Зо и Бам имаат различни типови на тело, се наоѓаа во различни тежински категории, но тоа не го сопира Бам. Тоа е тој. А веќе е етаблирана ѕвезда и не мора да урива никакви рекорди на Зо Морнинг со цел да се однесуваат подобро кон него во и надвор од клубот.

Но него не му е гајле“.

Негова девојка и идна сопруга е Ејџе Вилсон, и самата голема ѕвезда во женската НБА каде е рекордерка со четири МВП признанија и една од најдобрите кошаркарки во историјата на НБА лигата.

Адебајо го постави рекордот од 83 поени во современата НБА пред својата идна сопруга која го гледала натпреварот а после дошла и на прес-конференцијата. И самата рекла дека Бам е нејзина главна движечка сила и дека многу ѝ го сменил животот.

 

13 март 2026 - 12:29